Забавен тест: Колку сте интелигентни?

Одговори:

1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?

- 1 час

2. Дали во САД постои 25. декември?

- Да

3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?

- Чкорчето

4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?

- Сите

5. Што пишува на монета од 3 денари?

- Не постои монета од 3 денари

6. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?

- 1 час

7. Сонуваш дека си во темен тунел, од една страна доаѓа воз, а од другата страна змеј. Што ќе направиш?

- Ќе се разбудите

8. Што било пред 1945 година?

- 1944 година

9. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?

- Не

10. Дали е можно во САД да се венчате со сестрата на својата вдовица?

- Не, веќе си мртов

11. Ако под полна Месечина фрлиш црвен камен во црно море, што ќе се случи?

- Ќе потоне

12. Ти си мој син, а јас не сум ти мајка. Што сум ти јас?

- Татко

13. Ако на човек му се отсече десната раката, колку прсти му остануваат?

- 15 прсти

14. Авионот се срушил на канадско - американска граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?

- Никаде, бидејќи не се мртви

15. Колку родендени има мајката на 3 деца?

- Еден роденден, својот

16. Јаболкницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче им по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дрвото?

- Ниедна, бидејќи не растат круши на јаболкница

17. Колку пати во текот на 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?

- 22 пати

18. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?

- Не, ќе биде полноќ.

19. Бел петел снесол јајце на граница. Чие е јајцето?

- Петелот не може да снесе јајце

20. Колку е 10 и 30?

- 10 и пол.


Резултати:

Колку грешки имате и колку сте интелигентни:

0 = супер интелигентен, генијалец

1-2 = многу интелигентни

3-4 = прилично интелигентни

5-7 = просечно интелигентни

8-10 = приглупи

11-14 = сомнителен за околината

15-17 = идиот

18-20 = многу опасен за околината

НАПОМЕНА: Овој тест е за забава, затоа немојте премногу сериозно да ги сфаќате резултатите!

Какви се вашите резултати, пишете ни во коментарите!



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз: Колку се сеќавате на животот и делото на Тоше Проески? На колку години го загуби животот, кој спорт му беше омилен и го играше, по кое ...
Квиз: 10 општи прашања за кои ќе ви се смеат ако го прашате ChatGPT Кој е „најлутиот“ ривал на скопски КК Работнички? А во кое море се влева ре...
Квиз: Колку многу знаете за Зимските олимписки игри? Се сеќавате ли кој главен град на една поранешна југословенска република беше до...
Ретро квиз: Колку ги познавате музичките хитови од 1990-тите? За потребите на кој филм е снимена песната I Will Always Love You од Витни Хјуст...
Квиз: Колку работи што ја одбележаа 2025-та ќе погодите? На чиј концерт беа снимени (сега веќе) најпознатите светски прељубници? А кој фи...

Најчитани неделава