Нумерологија според името: Што ве очекува во љубовта?

bukvite-vo-imeto-otkrivaat-sto-ve-ocekuva-vo-ljubovta-02.jpg

Број 1

Личностите со овој број доживуваат рационална љубов. Индивидуални личности кои имаат разновидни интересирања, па затоа е тешко да ги задоволите нивните потреби. Очекувањето покорност и послушност од нивна страна предизвикува одбивност и агресија. Ако сакате врската со ваква личност да ви успее, мора да внесете многу новости и експерименти. Овие личности се подготвени на неверство во моментите кога ќе почувствуваат дека нивната слобода е загрозена.

Број 2

Пребирливи се кога се работи за изборот на партнер. Сакаат практични и паметни личности, интелигентни и способни. Материјалисти се, па така попрво ќе се одлучат за личност која може да им овозможи сигурна иднина, отколку да се впуштат во врска чисто од љубов. Имаат смирен дух и речиси е невозможно да влезете во расправија. Ако вистински сакаат, тогаш се верни.

Број 3

Во потрага се по искрено пријателство. Ќе се впуштат во врска или брак само ако се сигурни дека партнерот им е пријател. Нивната љубов се темели врз почит и потполна доверба, па затоа сите проблеми ги решаваат преку отворени разговори. Понекогаш се болно искрени, но веруваат дека тоа е нивна предност, а не маана.

Број 4

Сакаат долги и стабилни врски. Обожаваат брак и сакаат што побрзо да го почувствуваат брачниот живот. Но, често пати знаат да погрешат при изборот на партнер. Во љубовта се едноставни, па дури и малку здодевни личности. За нив мирниот живот и стабилната врска се единствена животна цел. Тогаш се мирни, послушни и подготвени на компромис.

Број 5

Љубовта за до крајот на животот е нивната најискрена желба. Го почитуваат семејството и бракот. Секоја лага длабоко ги погодува и тешко ја враќаат довербата. Тогаш им треба поголема сила за да започнат нова врска. Љубовта ја доживуваат како единствената смисла во животот, а кога ја немаат се депресивни и незадоволни.

Број 6

Колебливи се и склони кон промени. Не се најидеални партнери за долги врски затоа што се во постојана потрага по партнер кој ќе им одговара. Но, чувствителни се и нежни. Ако некоја врска ја крунисаат со брак и тогаш нема да бидат задоволни и среќни, туку ќе бараат забава во меѓувреме. Вистинската љубов и стабилниот брак можат да ги остварат само во подоцните години.

Број 7

Нивниот живот е исполнет со бројни љубовни врски. Уживаат во авантурите и флертот. Дури и се борат за повеќе бракови одеднаш.  Навикнати се на многу раскинувања, но и нови состаноци. Сметаат дека сето тоа е нормално. На животот и на љубовта и пристапуваат многу активно и отворено, па затоа се во постојана потрага по нови, возбудливи партнери.

Број 8

Овој број ги симболизира промените и патувањата. Нивниот љубовен живот е со немирен дух. Имаат многу љубовни врски, а не е исклучено и да имаат повеќе бракови во текот на животот. желбата за разновидност постојано им ги одложува важните животни прашања, а за некоја подолга врска ќе се одлучат дури после 3-та година.

Број 9

Овие личности уште во младоста тежнеат кон повозрасен партнер. Секогаш се со спротивни карактери од својот, што за нив е типично. Често пати доживуваат разочарувања, но тоа не остава лош белег на нив. Тие знаат како да продолжат да бараат нови авантури и врски кои ќе им донесат бесконечна среќа. Не се оптоваруваат со брак, затоа што не веруваат претерано во него.



Би можело да ве интересира:

КВИЗ: Дали имате моќ да правите избори кои ве носат на следно ниво во животот? Дали квалитетот ви е важен пред квантитетот? А напредокот во технологијата? Дали...
Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Квиз: Дали го сакате партнерот или само сакате да сте во врска? Дали ја идеализирате врската или навистина го сакате партнерот? Решете го овој к...
Квиз: Дали сте во врска со погрешен партнер? Секому може да му се случи долго време да биде со некого во врска или во брак, а...
Квиз: Дали вашите пријатели се токсични? Дали вашите пријатели сакаат да е секогаш сè по нивно? Ги чуваат ли тајните што ...
Квиз: Дали сте во врска со себичен партнер? Дали сте во врска со себичен партнер што се грижи само за себеси или со партнер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg