Tест: Колку сте навистина стари?

test-kolku-ste-navistina-stari-1.jpg

Гимнастика

Застанете исправено, свиткајте ги колената, наведнете се нанапред и обидете се со дланките да го допрете подот. Ако успеавте да ги ставите дланките целосно на подот, биолошката возраст е од 20 до 30 години. Ако допирате само со прстите имате 40 години. Со 50 години не можете да допрете подолу од потколеницата, а доколку ги  допирате само колената биолошки имате 60 години.


Кожен тест

Истегнете ја кожата над дланките најсилно што можете, држете ја така околу пола минута, па пуштете ја. Земете стоперка и измерете за колку секунди кожата ќе се врати во нормала. Ако е за помалку од една секунда, одземете си 3 години од вашите години. Ако се потребни две секунди биолошката и хронолошката старост се поклопуваат. Доколку се потребни 3 до 4 секунди додајте една година, за 5 до 10 секунди додајте две години, а за 11 до 30 секунди додајте 3 години на вашите години.


Обем

Измерете го обемот на најширокиот дел од колковите и струкот. Совршената мерка на струкот е 70 отсто од обемот на колковите. Ако добиете ваков резултат, одземете една година. За обем на струкот од 80 до 90 отсто од колковите, додајте 3 години. Доколку обемот на струкот е еднаков или поголем од колковите, додајте 5 години.


Бели дробови

Длабоко вдишете и целиот воздух во белите дробови во еден здив, испуштете го во балон и заврзете го. Со линијар измерете ја ширината на балонот. Ако сте вдишале 0,5 литри воздух, ширината на балонот треба да е од 7 до 9 сантиметри, за еден литар ширината е околу 10 - 11 сантиметри, а од 12 до 13 сантиметри е за 1,5 литри. За 2 до 3 литри воздух балонот се шири од 14 до 16 сантиметри, а за 4 литри воздух ширината е од 20 до 22 сантиметри.

Ако вашиот резултат е помал од еден литар воздух, додајте 5 години на вашите, а ако во балонот има 1 до 1,5 литри, додајте 3 години. За два до три литри додајте една година. За 4 до 5 литри, одземете 3 години.

Колку е стар вашиот организам?



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз: Колку многу знаете за Зимските олимписки игри? Се сеќавате ли кој главен град на една поранешна југословенска република беше до...
Квиз: Колку се сеќавате на животот и делото на Тоше Проески? На колку години го загуби животот, кој спорт му беше омилен и го играше, по кое ...
Квиз: Колку работи што ја одбележаа 2025-та ќе погодите? На чиј концерт беа снимени (сега веќе) најпознатите светски прељубници? А кој фи...
Квиз: Довршете ги стиховите на песните на Каролина Гочева „Хипокрит“, „Милениум со тебе“, „Од нас зависи“, „Први март“ се само дел од хито...
Ретро квиз: Колку ги познавате музичките хитови од 1990-тите? За потребите на кој филм е снимена песната I Will Always Love You од Витни Хјуст...

Најчитани неделава