Разбистрете ја главата: Тест од 15 провокативни прашања

Додека секојдневно размислувате за тековните финансиски проблеми, домашните проблеми или на работа, монотонијата, неуспешните планови и слично, добро е да ја разбистрите малку главата и да помислите на нешто посуштинско.

razbistrete-ja-glavata-15-provokativni-prasanja-01

Овие неколку провокативни прашања ќе ве натераат да откриете нешто поважно од сите тие проблеми.

Одговарајте брзо:

1. Кога би добиле прилика да се обратите пред цел свет во 30 секунди, што би кажале?

2. Ако ги имате сите пари на овој свет, а сепак мора да работите, што би правеле?

3. За што до сега најмногу жалите во животот?

4. Како би можеле таа лекција да ја примените денес?

5. Дали се плашите од смртта? Ако да, зошто?

6. Да претпоставиме дека утре ќе изгубите сè што имате. Кај кого би побарале помош? Дали таа личност знае колку ви значи?

7. Што би промениле ако дознаете дека сте бесмртни?

8. Да претпоставиме дека сте пред вратите на Рајот и дек Бог ве прашува: „Зошто да ве пуштам внатре?“ што ќе одговорите?

9. Кога ќе бидете доволно добри за самите себе? Што треба да се случи за целосно да се прифатите?

10. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

11. Што би зборувале луѓето кога ќе ве нема?

12. Ако знаете дека ќе умрете на полноќ, што би правеле во 23:45 часот?

13. Што мислите дека стои помеѓу вас и апсолутната среќа?

14. Како нешто знаете со сигурност?

15. Што можете да направите денес за некому да го разубавите денот?


Одговорите споделете ги во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Квиз: 9 логички проблеми што лесно ќе ги решите ако имате високо IQ Ако сметате дека сте интелигентна личност која може да решава логички проблеми, ...
Квиз: 10 општи прашања за кои ќе ви се смеат ако го прашате ChatGPT Кој е „најлутиот“ ривал на скопски КК Работнички? А во кое море се влева ре...
Квиз: Колку многу знаете за Зимските олимписки игри? Се сеќавате ли кој главен град на една поранешна југословенска република беше до...
Квиз: Довршете ги стиховите на песните на Каролина Гочева „Хипокрит“, „Милениум со тебе“, „Од нас зависи“, „Први март“ се само дел од хито...
Квиз: Ќе ги познаете ли славните личности по нивната уста? Дали сте од оние луѓе кои забележуваат, но и запомнуваат детали од ликот на луѓе...
Квиз: Дали ги препознавате расите на кучињата само по изглед? Мали и безопасни што само лаат, но и големи од кои сите се плашат иако понекогаш...

Најчитани неделава