Големо его или мало? Откријте дали сте нарцис

Голем број на научници тврдат дека денешната технологија не прави повеќе нарцисоидни од вообичаено. Некои дури и се одлучуваат на прилично ризични однесувања само за да имаат добри фотки на Фејсбук или Инстаграм.

golemo-ili-malo-ego-otkrijte-dali-ste-narcis-01.jpg

Нарцисоидноста отсекогаш постоела, но во овој век таа зема се поголем замав со развојот на модерната технологија. Социјалните мрежи може да направат од вас вистински нарцис.

Овие луѓе од една страна развиваат позитивни карактеристики како висока самодоверба и емоционална стабилност, но од друга страна може да бидат вистински манипулатори, агресивни и арогантни.

Решете го следниов тест и откријте дали сте егоист. Одговарајте со да или со не:

1. Знам дека има нешто посебно во мене.

2. Во споредба со другите луѓе, јас сум подобар во многу работи.

3. Потајно верувам дека сум подобра личност од другите.

4. Секогаш сакам да постигнам најмногу успех во сите задачи.

5. Животните препреки не можат да ме спречат.

6. Имам самодоверба, но и се грижам.

7. Се чувствувам несигурно кога сум во центарот на вниманието.

8. Тешко примам комплименти.

9. Не сакам да зборувам за себеси.

Решение:

Првите три прашања се оценуваат со 3 поени, наредните три прашања од 4 до 6 со 2 поена и последните три со 1 поен. Притоа, позитивна оцена добиваат само оние прашања на кои сте одговориле со да.

Вашиот резултат можете да го споредите со скалата:


Од 3 – 7:

Низок нарцисоизам. Вие себеси не се ставате на прво место и важно ви е да им помогнете на другите.


Од 8 – 12:

Здрав Нарцисоизам. Вие сте истовремено грижлива и амбициозна личност која знае што сака во животот, а знае и на другите да им помогне.


Од 13 – 18:

Висок нарцисоизам. Голема е веројатноста дека сте себична личност која не умее да внимава на туѓите проблеми и потреби, но секогаш постои можност тоа да го промените доколку сакате.

Би можело да ве интересира:

Квиз кој ќе го решат само оние со високо IQ – ќе успеете ли и вие? Со овој квиз ќе ја предизвикаме вашата логика, но и фокусот и концентрацијата, к...
Квиз: 7 прашања за умни глави кои не смеете да ги згрешите Градот Берово има иста кратенка како еден хемиски елемент... Дали знаете за кој ...
Музички квиз: 7 прашања на тема „есен“ кои е срамота да ги згрешите Како продолжуваат стиховите од Ѓорѓе Балашевиќ во песната „Свирајте ми јесен сти...
Квиз: Дали сте вистински фан на Здравко Чолиќ? Песните му ги знаете, едвај чекате да отидете на негов концерт... но, колку знае...
Квиз: 10 општи прашања за кои ќе ви се смеат ако го прашате ChatGPT Кој е „најлутиот“ ривал на скопски КК Работнички? А во кое море се влева ре...
Квиз: Кој лик бевте во средно – популарниот, повлечениот или „нормалниот“? Дали бевте поканети на кул забавите или вие ги организиравте? Со кого ги поминув...

Најчитани неделава