Дали живеете по бонтон правила?

dali-ziveete-po-bonton-pravila-001.jpg

Повеќето луѓе ќе се согласат, не постои нешто подобро од тоа да се најдете покрај личност која е учтива, која има манири и внимателно се однесува.

Тоа со сигурност ќе ве натера да возвратите на внимателноста и вие да покажете бон тон.

Но, дали го владеете?

Решете го тестот и откријте:

Дали живеете по бонтон правила?
  1. 1. Како треба да го поставите приборот за јадење откако ќе завршите со јадење?
    Треба да ги прекрстите ножот и виљушката во форма на буквата „Х“
    Ножот и виљушката треба да ги поставите паралелно
    Треба да ги прекрстите во форма на буквата „V“
  2. 2. Што треба да направите ако ве послужат со јадење кое не ви се допаѓа?
    Ќе се изјасните дека не ви се допаѓа храната која ви била послужена
    Ќе го одбиете и ќе објасните зошто не сакате да ја пробате
    Ќе земете само малку од оброкот кој ви бил понуден
  3. 3. Што треба да направи мажот кога си заминува од ресторан со дама?
    Треба да го облече прво својот капут, а потоа да ѝ помогне на дамата
    Треба да ѝ помогне на дамата да го облече капутот
    Треба да го облече својот капут и да ја чека надвор
  4. 4. На вечера сте со колегите од работа, а некој наздравува. Што ќе направите?
    Ќе чукнете чаши со сите
    Ќе наздравите со личноста која седи веднаш до вас
    Ќе ја подигнете чашата високо и ќе гледате во сите колеги
  5. 5. Кој треба прв да излезе од лифт?
    Тие што се поблиску до излезот
    Мажите
    Жените
  6. 6. Што треба да направите со салветата откако ќе седнете?
    Да ја вметнете во кошулата
    Да ја ставите веднаш до чинијата
    Да ја поставите во скут
  7. 7. Ако забележите влакно на облеката на друга личност со која зборувате, што треба да направите?
    Да побарате дозвола да го отстраните
    Бавно да се обидете да го отстраните
    Да се правите како ништо да не сте забележале
  8. 8. Што треба да направите ако сакате да пробате храна која е на другата страна од масата?
    Да ја дадете вашата чинија на личноста која е најблиску до тоа што го сакате
    Да побарате некој да ви ја подаде чинијата
    Да станете и сами да си се послужите
  9. 9. Дали треба да ја отстраните цената од подарокот кој треба да го подарите?
    Да
    Не
    Треба да ја оставите, само ако сте потрошиле многу пари за подарокот
  10. 10. Што треба да направите ако забележите дека колегите губат интерес да ве слушаат?
    Продолжувате со говорот, но почнувате да се изразувате разговорно
    Престанувате да зборувате, ја менувате темата или дозволувате некој друг да продолжи да зборува
    Барате од публиката да ви обрне внимание
  11. 11. Смеете ли да зборувате на телефон ако дома имате гости?
    Да, но само пред крајот на вечерата за да им дадете до знаење дека веќе е време да си заминат
    Да, гостите треба да знаат дека сте многу социјална личност
    Не, треба да ѝ се извините на личност и да ѝ кажете дека ќе ѝ се јавите подоцна
  12. 12. Штотуку добивте комплимент. Како треба да реагирате?
    Да го игнорирате
    Да возвратите со комплимент
    Едноставно да се заблагодарите

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Ќе ги познаете ли славните личности по нивната уста? Дали сте од оние луѓе кои забележуваат, но и запомнуваат детали од ликот на луѓе...
Квиз: Кој лик бевте во средно – популарниот, повлечениот или „нормалниот“? Дали бевте поканети на кул забавите или вие ги организиравте? Со кого ги поминув...
Квиз: Дали ги препознавате расите на кучињата само по изглед? Мали и безопасни што само лаат, но и големи од кои сите се плашат иако понекогаш...
Квиз: 9 логички проблеми што лесно ќе ги решите ако имате високо IQ Ако сметате дека сте интелигентна личност која може да решава логички проблеми, ...
Квиз: 7 прашања поврзани со август што мора да ги одговорите без грешка Под кое име е познат метеорскиот дожд кој се случува во средината на август секо...
Квиз: 8 прашања што можат да ги одговорат само луѓе со високо IQ Ако ви одат логички предизвици, сигурно лесно ќе го решите квизот, без многу да ...

Најчитани неделава