Квиз: Дали би ги преживеале игрите од „Squid Game“?

Кога вие би имале можност да сте на местото на некој од учесниците во игрите во Squid Game - дали ќе успеете да стигнете до крај? Какви стратегии ќе имате?

kviz-dali-bi-gi-prezhiveale-igrite-od-squid-game-01.jpg

Squid Game е серијата која го крена светот на нозе, а додека едни се воодушевени од сценариото, други го критикуваат заради претераното насилство и пораката која ја испраќа.

Сепак, ако земеме предвид дека станува за фиктивно сценарио, може да се позабавуваме и да помислиме како секој од нас би се снашол доколку некако се најде среде такви игри. 

Во продолжение следат 9 прашања кои ќе можете да ги одговорите само доколку сте ја изгледале серијата, а дали сте гледале внимателно и сте ги сфатиле тактиките, ќе открие резултатот. 

Ајде да провериме... 

Дали би ги преживеале игрите од „Squid Game“?
  1. 1. Никако да ви тргне на финансиски план. Чекајќи превоз, добро облечен маж ви приоѓа и ви нуди да играте игра со оригами за да добиете пари. Што ќе направите?
    Ќе молите да ви ги даде парите без да победите
    Ќе го удрите човекот и ќе му ги украдете парите
    Ќе ја фрлате најсилно што можете вашата оригами фигура, така што ќе ја преврти фигурата на другиот играч
    Ќе избегате и ќе пријавите во полиција за измама
  2. 2. Откако играта ќе заврши, човекот ве кани да се придружите на низа игри. Во првата игра, „Red Light, Green Light“ која е вашата стратегија?
    Ќе побегнете од играта кога никој нема да гледа
    Ќе легнете во едно место, така што ќе избегнете секакво движење на црвеното светло
    Ќе се движите што е можно побрзо на зеленото светло, а на црвеното ќе се обидете да застанете
    Ќе се движите зад други луѓе за да не бидете лесно забележителни
  3. 3. Пред да започнете со втората игра, одберете една форма од понудените...
    Круг
    Чадор
    Триаголник
    Ѕвезда
  4. 4. Во вториот предизвик, имате игла со која треба да ја издлабите фигурата од далгона колачето, без да ви се скрши формата и пред да ви истече времето. Како ќе пристапите на овој предизвик?
    Ќе се впуштите што побрзо во играта и ќе се надевате на најдоброто
    Внимателно, полека и прецизно ќе поминувате со иглата повеќепати за фигурата сама да излезе
    Ќе го лижете колачето за да се растопи
    Ќе саботирате друг играч и без да ве видат ќе украдете туѓо колаче кое е речиси излезено
  5. 5. Во третата игра, ќе играте во тим и ќе се натпреварувате со друг тим во влечење јаже. Посилните ќе победат. Каква стратегија ќе употребите?
    Веднаш ќе почнете да влечете силно за да добиете предност
    Ќе го натерате тимот да отскокнете 3 чекори напред додека противникот ве влече и губи сила
    Кога противниците ќе изгубат сила ќе се наведнете наназад и ќе влечете силно
    Ќе се откажете затоа што знаете дека другиот тим е посилен
  6. 6. За четвртата игра, од вас се бара да одберете партнер со кој ќе играте. Кого ќе одберете?
    Тој што ви е најблизок за да бидете заедно и да се мотивирате
    Тој што е најсилен, за да може да ви биде од помош во играта
    Некој кого не го познавате за да не се врзувате емотивно и да играте објективно
    Ќе чекате некој да ве одбере вас
  7. 7. Откако ќе одберете партнер, ја започнувате играта со џамлии. Која ќе биде вашата стратегија?
    Ќе се вложите максимално за да го победите противникот со фер игра
    Ќе се преправате дека сте во сојузништво со партнерот и ќе ги украдете неговите џамлии
    Ќе му дозволите на противникот да победи и намерно ќе играте слаба игра
    Ќе се шетате наоколу и ќе се преправате дека сте „расеани“ во паметот
  8. 8. Во петтата игра треба да поминете низ мост, газејќи на стаклени панели, поставени наизменично во два реда. Некои стаклени панели не издржуваат тежинa, па треба внимателно да одберете на која ќе стапнете. Која ќе ви биде стратегијата?
    Ќе си пресметате шема по која се редени стаклените панели и ќе знаете кои се безбедни
    Ќе претрчувате низ стаклените панели најбрзо што можете за да не паднете
    Ќе газите само на панелите на кои другите пред вас веќе стапнале и се безбедни
    Ќе ги туркате луѓето пред вас за да проверите кои панели се безбедни
  9. 9. Време е за последната игра насловена по името на серијата - Squid Gamе. Која е вашата стратегија на позиција напаѓач?
    Ќе се здружите со противникот и заедно ќе стапнете на целта
    Ќе го соборите противникот и ќе истрчате до главата
    На самиот старт ќе побарате да се откажете од играта
    На самиот старт ќе почнете да трчате од надворешната страна на лигњата за побрзо да стигнете до вратот

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали имате среќа во животот? Дали се сметате себеси за среќна личност? Дали успевате да се извлечете од секак...
Квиз: Дали се однесувате по бонтон кога сте во ресторан? Со што се јаде салата, кој треба да нарача мажот или жената, каде се остава чант...
Квиз: Дали сте „напорен партнер“ кога сте во врска? Дали сметате дека сте совршен партнер и дека воопшто не сте напорни во врска? Да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg