Квиз: Дали ги следите најосновните бонтон правила кога сте на јавно место?

Дали ги земате предвид луѓето околу вас кога сте на јавно место, или настојувате да бидете себични?

kviz-dali-gi-sledite-najosnovnite-bonton-pravila-koga-ste-na-javno-mesto-01.jpg

Бидејќи живееме во општество, секој од нас е должен да обрнува внимание на луѓето околу себе.

Кога сме во продавница, во градски автобус или на друго јавно место, секогаш треба да бидеме свесни дека околу нас има и други луѓе и да ги контролираме нашите постапки.

Дали вие го правите ова или манирите и доброто однесување не ви се многу јака страна?

Со овој квиз можете да дознаете.

Дали ги следите најосновните бонтон правила кога сте на јавно место?
  1. 1.
    Чекате да излезат патниците од автобусот, па потоа влегувате
    Се буткате да влезете веднаш штом се отворат вратите
    Пробувате да влезете без да се буткате додека излегуваат другите патници
  2. 2.
    Го почитувате личниот простор на другите и држите растојание
    „Се лепите“ до личноста пред вас
    Имате навика да застанете веднаш до личноста пред вас, но се оддалечувате ако забележите дека сте преблиску
  3. 3.
    Го оставате каде било – вработените ќе го вратат назад кога ќе го видат
    Го враќате во фрижидерот или замрзнувачот од каде што сте го зеле
    Го оставате на каса за вработените да знаат дека треба да го вратат
  4. 4.
    Седнувате на слободно седиште, а на другото ги оставате вашите лични работи
    Седнувате на слободно седиште и не зафаќате друго со вашите лични работи
    Седнувате на слободно седиште и ги оставате работите на друго, но само ако има повеќе слободни седишта
  5. 5.
    Се јавувате и си разговарате на цел глас
    Се јавувате и разговарате тивко и дискретно
    Или воопшто не се јавувате, или само ѝ кажувате на личноста што ви ѕвони дека ќе ја побарате подоцна
  6. 6.
    Му ја посочувате грешката на келнерот и го замолувате да ја поправи – сепак сите правиме грешки
    Почнувате да викате на цел глас и да се расправате со келнерот и другите вработени
    Гневни сте и почнувате да се расправате, но се смирувате штом ќе ви кажат дека ќе ви ја заменат нарачката
  7. 7.
    Без проблем застанувате среде пат ако сакате да видите нешто
    Застанувате среде пат, но се поместувате ако забележите дека некој не може да помине
    Гледате секогаш да има место да поминат другите

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Каде се родени познатите Македонци? Дали знаете каде е родена Калиопи? А во кој град се родил Тоше Проески? Решете г...
Квиз кој ќе го решат само оние со високо IQ – ќе успеете ли и вие? Со овој квиз ќе ја предизвикаме вашата логика, но и фокусот и концентрацијата, к...
Квиз: Дали сте во токсична врска (од која треба да бегате)? Не значи дека партнерот мора да ве удри или да биде насилен за врската да биде т...
Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз што ќе го решат само децата од 90-тите кои „висеа“ на интернет Знаете ли за што служеше програмата NERO Burning или која беше примарната функци...
Квиз: 7 прашања за умни глави кои не смеете да ги згрешите Градот Берово има иста кратенка како еден хемиски елемент... Дали знаете за кој ...

Најчитани неделава