Тест на потсвеста: Што прво гледате на сликата - открива што ви недостига за среќа во животот

test-na-potsvesta-shto-prvo-gledate-na-slikata-otkriva-shto-vi-nedostiga-za-srekja-01_copy.jpg

Сијалица

Имате чувство дека живеете туѓ живот и дека ви е потребен рестарт. Но, исто така и свесни сте дека ви недостига храброст за да ги прекинете односите, кои не ве исполнуваат со среќа и задоволство.

Може да станува збор за партнер, но и за брат/сестра, родител...

Токму ова ви ја црпи животната енергија, а вие не се откажувате од старите начини за функционирање. Време е за промени!

Велосипед

Сакате да мрднете од „мртвата точка“, но се плашите дека со тоа ќе го расипете ритамот на луѓето околу вас, како партнер, деца, родители, колеги...

Навикнати сте секогаш да им стоите на располагање на другите и да им правите услуги, но поради овие ваши особини, вие станавте жртва на туѓите желби, соништа и потреби.

Престанете да бидете толку грижливи кон другите и започнете да мислите малку повеќе на себе за конечно да бидете среќни.

Велосипедист

Ви недостига финансиска независност, неопходна за да ги спроведете промените кои сметате дека ќе ви ја вратат насмевката на лицето.

Иако се трудите да обезбедите средства со кои буквално ќе си ја купите својата слобода, тоа ви оди малку потешко.

Бидете упорни и имајте трпение и не дозволувајте да ве скршат моменталните неповолни околности. Вие го можете тоа!

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на потсвеста: Првата работа што ќе ја видите открива на што треба да работите за да бидете поср... Дали видовте врат од човек, стебла или и врат и стебла одеднаш? Зависно од ...
Тест: Колкава е вашата ментална возраст, според тоа колку кучиња гледате на сликата? Овде нема точен одговор, бројот на кучиња кој го гледате толкува колку сте мента...

Најчитани неделава