Тест што открива кој страв ве прави анксиозни: Што гледате – око или дрвја?

test-shto-otkriva-koj-strav-ve-pravi-anksiozni-shto-gledate-oko-ili-drvja-01.jpg

Око

Ако прво видовте око, тоа може да открие скриена страна за вас, односно силна потреба за емоционална безбедност.

Не е дека сте во лоша ситуација, но постојано сте анксиозни околу тоа што ви носи иднината.

Имате потреба да ги размрдувате работите и да ви се случува нешто ново во живот, но помислата на промени ви е застрашувачка.

Стравот од непознатото и излегувањето од комфор зоната ве спречуваат да достигнете до сите потенцијали кои ги имате.

Честопати сте загрижени и дали ќе ги постигнете животните цели, а токму тој страв ве држи во безбедна зона која ви е добро позната.

Ров опкружен со дрвја

Ако прво забележавте ров со дрвја од околу, вие сте личност која премногу се оптоварува и при срце си ги става туѓите мислења, што често ви создава анксиозност.

Понекогаш нечии зборови си ги повторувате одново и одново, долго откако разговорот завршил, толкувајќи што може да значат во позадина, дури и ако не се кажани со скриени намери.

Оваа сензитивност на мислењата и гледиштата на околината може да доведе до тоа вашите одлуки да не се целосно ваши, туку на нив силно да влијае опкружувањето, бидејќи се плашите дали вашите чекори ќе бидат одобрени и прифатени од некого.

Премногу сакате да им угодувате на луѓето, но добро е за вас да покажете дека имате граници – едно да бидете љубезни, а друго е да изгубите чувство за вашите потреби заради некој друг.

Почнете да се цените себеси и да си ги вреднувате вашите ставови и одлуки.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на потсвеста: Што гледате прво - открива каков карактер имате Имате многу силна личност, што понекогаш може да направи вашите блиски да се чув...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...

Најчитани неделава