Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас

Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и иднината. Дали верувате во тоа?

datumot-na-ragjanje-otkriva-shto-bevte-vo-minatiot-zhivot-i-kako-toa-denes-vlijae-na-vas-01.jpg

Многу луѓе веруваат во реинкарнација и дека живееле во минатото. Други, пак, сметаат дека тоа е невозможно и дека луѓето живеат само еден живот.

Во која група и да спаѓате, сепак, можете да го прочитате ова толкување и да се забавувате.

Ако сте родени меѓу 14 и 28 јули, 23 и 27 септември или од 3 до 17 октомври

Во минатиот живот сте биле духовен учител со големо срце, сте ги воодушевувале луѓето со својот шарм и интелигенција и сте имале големо влијание врз сите.

Секогаш сте биле на страната на слабите и сте имале многу следбеници.

Денес не ја сакате осаменоста и им помагате на луѓето кои имаат потреба од тоа.

Не сте многу друштвена личност, на моменти сте дури и ексцентрични.

Во овој живот многу добро знаете што сакате и како да го постигнете тоа.

Во љубовта ве водат умот и логиката, а не од срцето.

Ако сте родени помеѓу 22 и 31 јануари или од 8 до 22 септември

Во минатото сте биле уметник, многу сте патувале, секогаш сте биле во центарот на вниманието и сте имале многу љубовници.

Во овој живот сте чувствителни, но не ги покажувате лесно вашите чувства.

Сè уште ве привлекуваат авантури, но сега сте врзани за едно место и за една личност.

Во овој живот имате остар и продорен ум и нема проблем што не можете да го решите.

Ако сте родени помеѓу 29 јули и 11 август или 30 октомври и 7 ноември

Во минатиот живот на секој можен начин сте се бореле за правда, без оглед дали тоа било за вас, за некој близок или за луѓе кои биле неправедно обвинети за нешто.

Вашите моќи биле тактичноста и ладнокрвноста.

Сте правеле добри планови и паметно сте ги избрале вашите цели.

Освен тоа, сте биле и добар говорник и писател.

Во овој живот, пак, вие сте чесна и директна личност и презирате секаква форма на насилство.

Поддржувате хуманитарни активности и им помагате на болните и изнемоштените.

Сепак, често ви недостасува самодоверба, а понекогаш ги потценувате своите способности.

Вие сте многу чувствителни кога ќе се заљубите, па на саканата личност ѝ се посветувате со целото свое битие.

Ако сте родени од 8 до 21 јануари или од 1 до 11 февруари

Во минатиот живот сте биле милостив разбојник, роден во сиромашно семејство и поради тоа рано сте сфатиле дека светот е поделен на богати и бедни.

Вашето мото од минатото било: „Земи од богатите да им дадеш на сиромашните“, во стилот на Робин Худ.

И денес сте идеалист, но повнимателни сте од порано. Прво ќе размислите двапати, а дури потоа ќе реагирате.

Срцето го отворате само за оние пријатели или кои докажале дека го заслужуваат тоа.

Премногу барате во љубовта и сонувате да ја доживеете вистинската љубов со сето тело и душа.

Ако сте родени помеѓу 1 и 10 март, или меѓу 27 ноември и 18 декември

Во минатиот живот сте биле благородник со големи амбиции, но и голема интелигенција.

Сте владееле со строгост и дисциплина.

Затоа, во овој живот не ви се допаѓа да ви заповедуваат или да ве водат други.

Ја сакате својата слобода и се трудите да ја задржите со сета сила.

Вие сте голем индивидуалист и отфрлате сè што е колективно.

Во љубовта сте себични, а вашите љубовни врски најчесто се краткотрајни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружи... Овој визуелен тест со четири петли, колку и да ви изгледа смешно, сепак ќе ви по...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...

Најчитани неделава