Пеперутката која ќе ја одберете ќе ви открие како да добиете повеќе од животот

peperutkata-koja-kje-ja-odberete-kje-vi-otkrie-kako-da-dobiete-povekje-od-zhivotot-02.jpg

Пеперутка бр. 1

Вие сте многу талентирана личност која не го користи својот капацитет 100%, туку робувате на своите навики и стравови.

Имате недостаток на самодоверба, заради што не можете да напредувате.

Вашата социјална интелигенција е закопана, а талентите се скриени длабоко во вас.

Време е да се соочите со вашите стравови и да го отворите срцето и умот.

Го поседувате сите потребни способности, можете да се вивнете во небесни височини, но крилјата ви се врзани од вашите стравови.

Победете ги стравовите и овозможете си го животот што го сакате.

Пеперутка бр. 2

Вие сте генерално задоволни со својот живот и добро се чувствувате во сопствената кожа.

Но, срцето е жедно за нешто поголемо, а за тоа е потребен труд и да исчекорите подалеку и похрабро.

Проблемот е во тоа што имате недостаток на волја и сила за да ги реализирате одлуките кои сте ги донеле.

Но, патиштата ви се отворени, талентите ви се созреани, време е за дејствување.

Не очекувајте да ги направите работите без грешки, тие се составен дел од животот. Учете од нив.

Пеперутка бр. 3

Имате за цел да ја пронајдете својата личност и да го живеете животот знаејќи што сакате, но делумно го имате постигнато ова.

Дури и ако не сте свесни за постигнатото, за вашите таленти и квалитети, само неколку чекори ве двојат од откривањето на вистинските способности.

Осмелете се да пробате сè што ве интересира, да научите нешто ново, да се впуштите во искуства кои не сте ги пробале претходно.

Истражувајте го светот околу вас, но и луѓето со кои сте опкружени, така побрзо и полесно ќе ја сфатите смислата на вашиот живот.

Премногу имате инвестирано во личниот развој, сега е време да ги постигнете најдобрите можни резултати.

Ова е вистинско време да ги покажете способностите и да бидете наградени за тоа.

Пеперутка бр. 4

За вас сега е време кога треба комплетно да се релаксирате и да уживате во убавата страна на животот, а тоа е љубовта.

Ширите радости и топлина насекаде околу вас, а ќе научите како и сами целосно и без грижа на совест да се препуштите на овие задоволства во животот.

Време е да сфатите дека животот е премногу краток, а наскоро вашите коцки ќе се наредат и ќе ја споите сложувалката, но мора да дадете време и можност да се оствари тоа.

Не ги форсирајте работите и не очајувајте додека чекате нешто да се случи, туку уживајте во тоа што го имате – и сами по себе работите ќе си дојдат на место.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личност кој ќе ви открие дали сте отпорни или ранливи во животот Како и сите слични тестови, така и овој, со помош на вашата потсвест, открива та...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Тест на личност: Одберете една шолја и откријте – кои се вашите скриени особини? Дали сте топла и емотивна личност, практична и без хаос, може ли другите да ви в...
Тест на личноста: Шолјата што ќе ја изберете - открива што ви недостига во животот Страв од чувства, отфрлање на потребите, блокада за примање емоции или грижа за ...

Најчитани неделава