Формата на носот открива: Кому му е судено да се збогати, а кој е добар љубовник?
1. Нубиски нос
Нубиската форма на нос се карактеризира со голема должина. Мостот е речиси рамен, а широката точка на носот е насочена надолу.
Се верува дека луѓето со ваков облик на нос се љубопитни. Тие се оптимисти и секогаш бараат решение за секој проблем.
Нема да се откажат и да ја префрлат својата работа на грбот на некој друг, дури и кога нештата не им одат од рака или кога воопшто не сакаат да ја завршат.
2. Грчки нос
Името на овој нос доаѓа од скулптурите кои се правени во Античка Грција, а се карактеризира тесна, долга и рамна форма.
Луѓето со ваков нос се резервирани и не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Тие се многу практични и лојални, но и повлечени.
Истовремено, со нив е тешко отворено да се разговара со чувствата, бидејќи тие сметаат дека таквите работи секој треба да ги чува за себе.
3. Кукаст нос
Многумина ја споредуваат оваа форма на нос со клун од птица.
Луѓето со ваков тип на нос се креативни и самопожртвувани. Тие ги бранат своите верувања и не се плашат да преземат ризици за да ги постигнат своите цели.
За нив се верува дека се храбри луѓе кои го минуваат животот со крената глава.
4. Испакнат нос
Сличен е на кукастиот нос, но испакнатиот нос е закривен од носната коска до врвот.
Луѓето со ваков нос се сметаат за многу решителни.
Нивниот живот најчесто се врти околу кариерата и работата, па за нив се смета дека се добри организатори.
Освен ако не претрпат некоја значајна несреќа во животот, речиси е сигурно дека тие ќе стекнат големо богатство.
5. Нос свиткан нагоре (испрчен нос)
Овој нос е многу краток и изгледа многу нежно.
Луѓето кои имаат ваков нос се многу често спонтани во своите одлуки, а тоа ги иритира оние кои се во нивното окружување.
Истовремено, тоа се и луѓе со силна волја, кои се среќни кога одат на работа, бидејќи не знаат да седат без да прават нешто - најмногу им пречи мрзеливоста на другите.
6. Рамен нос
Оваа форма на нос е најчеста во Азија, но го има и во останатите делови од светот.
Обликот е малку порамен од повеќето други форми, а ноздрите се широки.
Луѓето со рамен нос имаат силен карактер, тие се многу темпераментни и страстни.
Ако си играте со нивното трпение, очекувајте дека ќе ви се налутат, а лутината нема да им помине брзо.
7. Конкавен нос
Носната коска има мал лак, но тоа не е многу забележливо, бидејќи целата форма на носот делува кревко.
Луѓето чиј нос има ваков облик се дарежливи и секогаш се подготвени да им помогнат на другите кои имаат какви било проблеми.
Поради тоа што се разумни, овие луѓе можат лесно да бидат повредени.
8. Искривен нос
Иако обликот на носот не е најубав - мостот на носот е истакнат, додека врвот е многу заоблен, луѓето кои имаат ваков облик на носот се одлични љубовници.
Тие, истовремено знаат да слушаат, а тоа ги прави одлични пријатели или партнери.
Луѓето кои имаат ваков нос, но кој е дополнително искривен налево или надесно - се големи измамници.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





