Тест на личноста: Шолјата што ќе ја изберете - открива што ви недостига во животот

Преполна шолја
Преполната шолја означува преоптовареност, недостаток на граници, страв од барање. Давате сè што имате и ништо не оставате за себе.
Имате многу енергија, грижа, љубов, но тоа излегува безрезервно, без паузи, без задршка...
Вие за другите сте премногу, но за себе сте премалку.
Не си дозволувате себе да имате потреби. Ниту нешто да побарате и да земате. Давате додека не се испразните.
Што кажува ова за вас: Тешко ви е да поставите граници, но зад грижата за другите се крие потреба за признание и прифаќање.
Што ќе помогне: Научете да кажете: „Доста. Сега јас сум на ред“.
Обична шолја
Обичната празна шолја посочува на внатрешен замор, недостаток на топлина, очекување на чудо. Долго време не сте биле исполнети.
Многу сте дале, но малку сте добиле. Или сте добиле, но не она што е вистинско.
Не чувствувате лутина, не плачете. Само гледате во празнината и чекате - барем некој знак дека повторно можете да живеете, да чувствувате и да се радувате.
Празната шолја е потреба за грижа, но и страв од слабост.
Што кажува тоа за вас: Сега сте во фаза на исцрпеност и постои несвесно очекување дека некој ќе дојде да ве спаси, можеби имате проблем со самопочитта.
Што ќе помогне: Мали ритуали - вкусна храна, топлина, одмор, безусловна поддршка и комуникација во која едноставно можете да бидете вие.
Шолја со пукнатини
Шолјата со пукнатина посочува на срам од ранливост, страв од одбивање.
Знаете како да сакате и чувствувате емоции. Но, се плашите дека ќе бидете напуштени ако тоа го покажете.
Внатре во вас постои нежна страна, невидлива однадвор. Но, таа е тука и бара нега.
Се плашите да бидете несовршени. Но, токму таа пукнатина ве прави живи.
Што кажува тоа за вас: Тешко ги признавате вашите слабости, дури и пред себеси, се плашите дека нема да бидете прифатени ако покажете болка.
Што ќе помогне: Да напишете терапевтско писмо до самите себе: „Што е тоа што се плашам да го покажам и го кријам во себе?“
Црна шолја
Темната шолја посочува на страв од чувства, отфрлање на потребите, блокада за примање емоции.
Како да не знаете што е внатре. Или не сакате да знаете. Се трудите да не чувствувате. Се држите и контролирате.
Полесно ви е да бидете бесчувствителни, отколку прекумерно чувствителни.
Побезбедно ви е да не сакате, отколку да сакате и да не добиете љубов за возврат.
Што кажува тоа за вас: Контактот со себе ви е сериозно нарушен, интимноста на споделување емоции ја сметате за страшна, желбите ви се потиснати и полесно ви е да се живеете „како што треба“.
Што ќе помогне: Прашањата „Што би сакал/а кога би било можно?“ и психотерапија како начин за одмрзнување на емоциите.
С. С. | Црнобело
