Тест на личност кој ќе ви открие дали сте отпорни или ранливи во животот

1. Скршено огледало
Скршеното огледало претставува личност која постојано се обидува да пронајде подлабоко значење во работите.
Тоа се луѓе што се свртени кон себе и сакаат да ја допрат вистинската суштина, под површинската слика.
Ако го избравте скршеното огледало, можно е да сте на пат на сопствено обновување.
Можеби сте почувствителни на мислењата на другите, но како што и скршеното огледало може да се поправи, така и вие можете да се излекувате и да се вратите во посилна и обновена верзија од себе.
2. Стар дневник
Стариот тефтер/дневник го симболизира текот на времето, со нагласок на минатото и силно потсетување на тоа како некогаш било.
Ако ја избравте старата тетратка, тешко ви е лесно да ги пуштите работите. Силно се врзувате за спомените и искуствата и понекогаш посакувате повторно да ги доживеете.
Но тоа не мора секогаш да биде со тага или носталгија – можете да го гледате минатото и како инспирација, како доказ колку сте пораснале и сте се развиле во личноста што сте денес.
3. Кородиран клуч
Рѓосаниот клуч симболизира дека ги штитите сопствените искуства, мисли и ранливост најдобро што можете.
Рѓата претставува тешки ситуации од минатото или емоционални товари што сте ги носеле.
Ако го избравте рѓосаниот клуч, сакате да ја задржите приватноста во вашиот живот. Повеќе ви одговара сами да поминувате низ тешките моменти, без да бидете во центар на внимание.
Се отворате само пред луѓе на кои целосно им верувате и често си наоѓате мир во сопствената тишина.
4. Овенат цвет
Овенатиот цвет го симболизира преминот од убави и блескави моменти кон потешки периоди – како нешто неизбежно во животот.
Тој е на чекор до сушење, но и само неколку чекори оддалечен од својата поранешна, расцветана форма.
Ако го избравте овенатиот цвет, поседувате силна издржливост и способност да ја задржите позитивноста дури и кога се соочувате со тешкотии.
Не се откажувате лесно од луѓе или ситуации кога ќе ја видите нивната потешка страна, туку продолжувате напред со став дека треба да се истрае, без разлика на сè.
M. M. | Црнобело