Тест на личноста - Што ве кочи и не ви дозволува да одите напред во животот?
Која илустрација ја избравте?

Број 1
Најверојатно вашето минато е тоа што ве спречува да одите напред.
Негативните искуства, старите грешки или лошите одлуки донесени пред една, две или пет години продолжуваат да влијаат на вашите сегашни постапки.
Можеби потсвесно избегнувате ситуации што ве потсетуваат на минатите тешкотии.
Ова резултира со голема претпазливост од ваша страна и страв што ве спречува да пробате нови работи.
Обидете се да се ослободите се од минатото и сфатете дека минатите настани не мора нужно да ја одредат иднината - ова може да биде првиот чекор кон ослободување од блокадата.
Број 2
Вашата внатрешна бариера, која не ви дозволува да напредувате, може да биде стравот од иднината.
Неизвесноста предизвикува вознемиреност кај многумина, па и кај вас - тешко ви е да донесете одлуки кога исходот не може да се предвиди однапред.
Затоа, понекогаш ви е полесно да го одложите планот отколку да се соочите со непознатото.
Запомнете - ако сакате да се развивате (во кариерата, животот, љубовта) речиси секогаш треба да преземете некој ризик.
Кога ќе почнете да ја гледате иднината како простор на можности, а не како закана, многу одлуки ќе ви станат поедноставни.
Број 3
Вас најверојатно ве спречува стравот од тоа што мислат другите.
Признајте, дали некогаш сте размислувале што мислат останатите за вас, што ќе кажат?
Желбата да се исполнат очекувањата на општеството или најблиските понекогаш може да стане силно ограничување.
Луѓето почнуваат помалку да се фокусираат на сопствените желби, а повеќе на реакциите на другите.
Ова може да доведе до сомнеж и мачни мисли за тоа кој што ќе каже, а вие да ја изгубите самодовербата.
За да се ослободите од оваа блокада, прво треба да сфатите дека другите не ги оценуваат нашите постапки толку внимателно колку што мислиме ние.
Тоа што нам лично ни пречи, не значи дека ќе наиде на осуда кај другите.
А. Ј. | Црнобело