Психолошки тест: Одберете еден клуч и дознајте како пристапувате на проблеми во животот

Обичен клуч со домашен приврзок
Доколку го одбравте овој клуч, тоа значи дека сте личност која сака да биде логична, неретко е директна и реалистична, кога станува збор за решавање на проблеми. Бирате едноставни пристапи кон проблемите и сакате лесно да ги решите, без смислување стратегии кои одземаат време, труд и ги комплицираат работите. Способни сте да ги разложите проблемите на помали делови и да се сконцентрирате на приоритетите. Создавате ефикасни решенија и останувате мирни во бурни времиња и хаос, тоа е вашата силна страна.
Винтиџ клуч
Доколку го одбравте винтиџ, античкиот клуч, значи дека вие сте личност која креативно пристапува кон решавање на проблемите, преку мисли, емоции и интуиција, благодарение на искуствата и начинот на кој ги доживувате. Знаете да предвидите кога треба да навлезете подлабоко од она што површински делува очигледно и да пронајдете решение на проблемите, што другите често го пропуштаат. Ориентирани сте кон гледање на пошироката слика на работите кога анализирате и правите стратегии.
Клуч со срце и приврзок со панделка и катанец-срце
Доколку го одбравте срце-клучот со приврзок срце и панделка, вие сте емпатична личност која при решавањето на проблемите секогаш се фокусира на другите луѓе. Понекогаш тоа значи дека барате помош од нив исто како што вие би ја понудиле својата, а понекогаш само ги земате предвид нивните чувства при наоѓање на вистинско решение. Емотивни сте и драматични, но секогаш сакате да одржите хармонија. Сакате да го решите секој конфликт едноставно, односно сите страни да бидат задоволни, да пружите помош секому и да понудите праведно решение.
М. М. | Црнобело