Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа

Обична канцелариска шолја
Вас ве исцрпува: монотонијата. Работата ви е репетитивна и не се случува ништо ново.
Се чувствувате како деновите да се претопени, работните ангажмани не ви будат никакви емоции и возбудата, ниту пак мотивација, па ви се јавува здодевност која ви е тешко да ја објасните.
Всушност, не ви е потребен одмор, туку промена. Почнете со мали чекори – нов пристап, нов начин на работа, нови работни задачи, па можеби и промена на работата.
Цветна шолја
Вас ве исцрпува: неадекватноста. Треба да глумите нешто што не сте, да не бидете свои, да се приспособувате и да ги криете вашите вистински реакции.
Се чувствувате изморено по секоја комуникација, како да сте во некоја игра и на крај имате само желба да бидете во мир и тишина.
Всушност, ја трошите целата енергија не на самата работа, туку на постојано приспособување. Може да пробате да реагирате поискрено од вообичаено, малку по малку, без грубост, но и без правење лице.
Испукана шолја
Вас ве исцрпува: насобраниот стрес. Долго го трпите, го носите во себе и не знаете да се ослободите од него, па постојано се акумулира.
Се чувствувате иритирано од секоја ситница, имате постојан замор кој тешко се намалува, но и желба да се исклучите од сè.
Всушност, не се трошите само од работата, туку и од воздржувањето и молчењето. Може да пробате малку по малку да ги изразувате емоциите и работите кои долго ве мачат, полека, без тензии.
Еднобојна шолја
Вас ве исцрпува: недостатокот на повратни информации. Се вложувате, но немате никако фидбек – ниту емоционален, ниту професионален.
Се чувствувате како да ви исчезнува мотивацијата, работата ви станува формалност и постојано се прашувате „зошто го работам ова“.
Всушност, не ви недостасува сила, туку смисла. Пробајте да пронајдете барем еден резултат во својата работа и да го запишете, за да го „видите“ и да ве охрабри и мотивира.
Чаша за носење
Вас ве исцрпува: постојаното брзање. Постојано сте во движење, зафатени со задачи и рокови и немате време да се стабилизирате.
Чувствувате замор наутро, постојано сте нервозни и иритирани, се чувствувате како работите околу вас да се случуваат пребрзо и сте во трка со времето.
Всушност, живеете според ритам кој не ви овозможува да здивнете. Може да правите свесни паузи во текот на денот – без телефон, без никакви обврски, само да уживате во моментот, најмалку 10 минути.
М. М. | Црнобело