Како го закопчувате градникот - таква личност сте

Облекувањето на градникот наутро можеби ви се чини како безначајна активност, но според едно истражување на човечкото однесување, начинот на кој го облекувате може да открие многу за вашата личност.

test-na-licnosta-kako-go-zakopcuvate-gradnikot-001.jpg

Пети Вуд е специјалист по човечко однесување и говор на телото од Универзитетот Емори и автор на книгата „Snap: Making the Most of First Impressions, Body Language and Charisma “ кој открива дека начинот на кој секојдневно го облекувате градникот се поврзува со 4 различни типови на личност.

„Постојат 4 типови на личност – оние кои водат, кои влијаат на другите, кои поддржуваат и оние кои се внимателни - кои на различен начин ги прават и наједноставните и секојдневни активности“ – објаснува таа.

Во која група спаѓате?


1. Ако го закопчувате градникот одзади - Вие сте личност која поддржува

Вие сте личност која ја следи традицијата. Внимателно размислувате пред да дојдете до некаков заклучок или одлука. Не е ни чудно што го следите веќе познатиот начин на закопчување на градникот.

Вие сте пријателски настроени и сте секогаш тука за оние кои имаат потреба од помош или поддршка. Никогаш не ги заборавате родендените на најблиските.

Не сакате промени во старите проверени рутини.

test-na-licnosta-kako-go-zakopcuvate-gradnikot-1.jpg


2. Ако го закопчувате градникот од напред, а потоа го вртите – Вие сте личност која влијае на другите

Вие сте шармантна и харизматична личност која сака да биде во центарот на вниманието и кога станува збор за избор на градници, вие секогаш се одлучувате за силни бои и детали.

Закопчувањето ан градникот од напред дополнително ве прави сигурни како во тоа дека добро сте ја завршиле активноста, така и генерално во животот. Вие сакате да бидете сигурни дека добро и квалитетно ги имате завршено работите.

Сакате добар хумор и предизвици за учење на нови работи и искуства, но работите знаат бргу да ви досадат.

test-na-licnosta-kako-go-zakopcuvate-gradnikot-2.jpg


3. Ако употребувате градник кој се закопчува од напред – Вие сте личност која води

Вие не сакате да си го губите времето, посебно кога станува збор за градници. Тоа ве прави практична и ефикасна личност која очекува и другите луѓе да бидат брзи и јасни.

Ова важи и за донесувањето на одлуки. Вие донесувате брзи, но разумни одлуки во животот.

Токму овие карактеристики ве прават добар лидер кој успева да го наметне своето мислење на другите.

test-na-licnosta-kako-go-zakopcuvate-gradnikot-3.jpg


4. Ако го закопчувате градникот пред да ги подигнете прерамките – Вие сте внимателна личност

Вие сакате да бидете целосно сигурни уште од самиот почеток дека било што да започнете ќе заврши во најдобар ред. За разлика од поддржувачите, вие сакате долги објаснувања и проверени факти пред да започнете со некоја активност.

Голема е веројатноста дека пред да купите некој градник сакате неговите мерки да бидат прецизно точни со вашите, а најдобро се чувствувате во спортските градници.

Вие сте дискретна личност која не сака да биде во центарот на вниманието.

test-na-licnosta-kako-go-zakopcuvate-gradnikot-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Изберете една вазна и откријте што ве прави посебни како личност Која вазна ве привлекува најмногу, онаа со риги, со точки или со цветови? Дознај...
Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Начинот на кој ги држите рацете зад грб открива многу за вас - Дали сте вообразени или харизматични? Ако знаете да го фатите зглобот, вие сте природно самоуверени. Овој гест покажув...

Најчитани неделава