Брз тест: Содржината на чантата ги открива женските тајни

1. Кармин (козметика)

Вашата чанта секогаш има производи за нега и козметика бидејќи знаете колку е важно да изгледате добро, иако можеби не се чувствувате така.

Вие сте пријатна личност за комуникација, имате многу обожаватели, иако има и многумина што ви завидуваат.

2. Книги

Вие сте интровертна личност. Сметате дека без разлика на годините, секогаш треба да се подобрувате и развивате. Вие сте многу вредни, едуцирани и може да учествувате во разговор на која било тема.

И не можете да разберете како луѓето можат да трошат време на секакви глупави работи.

3. Дневник

Вие сте многу паметни. Луѓето можат во секоја ситуација да сметаат на вас. Сакате да планирате, да контролирате и не сакате кога ви се приредуваат изненадувања.

Совршениот роденденски подарок за вас подразбира нешто практично.

4. Нотес, планер

Вие сте многу креативна личност. Главата ви е преполна со идеи и секој би завидувал на вашата фантазија.

Важно ви е секогаш да имате пенкало и нотес при рака за да запишете некој стих или да нацртате нешто.

5. Храна, пијалаци

Вие сте многу грижлива личност. Доколку сè уште немате деца, кога ќе дојдат, ќе бидете најдобрата мајка.

Сепак на вашето дете нема да му недостига ништо, вие ќе го опсипувате со внимание и љубов.

6. Ѓубре (марамчиња, хартии од мастики или бонбони…)

Многу се грижите за природната средина, не ви е јасно како може луѓето да загадуваат. Вашата чанта е преполна со ѓубре бидејќи не сакате да ги фрлите каде било.

Згора на ова, вие сте многу уредни, прибрани и се стремите кон совршенство.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“ Себичноста е една од особините на нарцисите, а овој тест ќе ви помогне да открие...

Најчитани неделава