3 илустрации кои ќе ве „прочитаат“ подобро од кој било

Понекогаш дури и најбезначајните и непромислени одговори може да откријат многу повеќе за вас, отколку искалкулираните постапки и потези.

3-ilustracii-koi-ke-ve-procitaat-podobro-od-bilo-koj-001.jpg

Во продолжение се 3 илустрации на кои може да видите повеќе од една работа.

Но, она што прво ќе ви падне во очи, ќе ве прочита кои сте и какви сте:

Што гледате – брава или човече што плаче?

3-ilustracii-koi-ke-ve-procitaat-podobro-od-bilo-koj-1.jpg

Брава – сакате да ги истражувате непознатите работи и територии и со задоволство ја напуштате комфорната зона.

Човече што плаче – треба да обрнете повеќе внимание на вашите емоции и да ги слушате внатрешните желби. Во исто време, мора да се релаксирате и да го опуштите умот.

Што гледате – лик или риби?

3-ilustracii-koi-ke-ve-procitaat-podobro-od-bilo-koj-2.jpg

Лик – љубопитна личност сте, но премногу се интересирате и за туѓите животи. За вас, сите работи се интересни и уникатни.

Риби – задоволни и среќни сте со вашиот живот. Верувате во подобра иднина и посреќно утре. За вас, чашата е секогаш полуполна.

Што гледате – врата или нота?

3-ilustracii-koi-ke-ve-procitaat-podobro-od-bilo-koj-3.jpg

Врата – подготвени сте за промени и се движите во добра насока. Се соочувате со иднината без страв. Многумина во вас наоѓаат инспирација.

Нота – важно ви е да се искажете себеси и своите емоции. Чувствувате дека имате нешто важно да споделите со светот. Не се плашите од ризици.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-тест што го открива карактерот: Што видовте прво на илустрацијата? „Земи ги моите очи, за да го видиш она што го гледам јас“. Не попусто е кажана о...
Оптичка илузија со две сценарија: Што гледате прво на сликата - открива дали сте наивни Дали сте наивни и не забележувате дека ве демне опасност или сте реални и свесни...
Одберете предмет што мислите дека се крие во ковчегот – изборот открива тајни за иднината Замислете дека влегувате во темен таван и одеднаш пред вас се осветлува стар, др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg