Слонче кое носи среќа – одберете едно и дознајте го советот што ќе ви го понуди

Слонче бр. 1

Вие сте вистински дипломати и многу духовити. Сакате кога во животот имате рамнотежа. Дискретни сте и знаете како да останете смирени за време на жестока расправија.

Иако дипломатскиот пристап е навистина за почит, мора да научите кога и како да зборувате со цел да го решите недоразбирањето. Не би требало да бегате од вашите проблеми, туку да научите како да ги решавате, како и да им верувате на другите луѓе.

Слонче бр. 2

Вие сте идеалисти и перфекционисти. Одговорни сте и сакате сè да тече беспрекорно. Имате свои, прилично високи стандарди, ставови и принципи и сакате светот да функционира согласно нив.

Понекогаш ви е тешко да го прифатите мислењето на другите. Не сакате промени, па ве советуваме да бидете малку пофлексибилни. Треба да ги прифаќате иновациите и промените, како и фактот дека повремено и вие може да згрешите нешто.

Слонче бр. 3

Вие сте интелигентни и внимателни. Сакате стабилност во секој аспект од вашиот живот, дури и кога станува збор за емоциите. Вие го имате систематизирано целиот живот, па се плашите да се втурнете во нови задачи и авантури, само затоа што не се во согласност со вашите утврдени планови.

Поради тоа советуваме да го отворите својот ум и да се обидете малку повеќе да ги идеализирате нештата.

Слонче бр. 4

Вие сте енергични, иновативни и весели. Сакате да се препуштите на течението на „реката“. Обожавате авантури и патувања, бидејќи го сакате и го цените животот.

Уживате во искуствата кои нудат нешто подлабоко, бидејќи може многу да се научи од нив. Секоја чест за вас, само напред.

Слонче бр. 5

Вие сте чувствителни и нежни, емоциите владеат со вашиот живот. Искрени се и иако луѓето не секогаш ве ценат доволно, навистина сте уникатни.

Знаете да го цените и доброто и лошото во животот, но одвреме-навреме морате да научите да кажувате „не“, инаку ќе се истрошите и физички и емоционално.

Слонче бр. 6

Вие сте емпатични и лојални личности. Знаете како да бидете добар пријател и великодушно им помагате на другите. Честопати ги ставате другите на прво место пред себеси.

Но, она што не можете да го поднесете е изневерување на довербата. Научете како да се ставате себеси на прво место, без нималку грижа на совест.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...

Најчитани неделава