Психолошки тест: личноста која најмногу ве плаши, открива што потиснувате во себе

Кое е бројчето на личноста која ви предизвикува морници?

psiholoski-test-licnosta-koja-najmnogu-ve-plasi-otkriva-sto-potisnuvate-vo-sebe-01_1.jpg

Слика 1: Садиста

Веројатно имате авторитативен став како родител или учител. Го потиснувате фактот дека сакате да доминирате над другите. Вие сте „пасивна“ и пријателски расположена личност. Сакате да им угодувате на другите, но имате склоност да бидете дефанзивни или пасивно – агресивни кога се чувствувате загрозено. Длабоко во себе сакате да гледате како другите патат, физички или емоционално.

Слика 2: Епилептичар

Веројатно реагирате прилично интензивно и бурно. Ги чувате длабоко во себе негативните емоции. Многу се трудите никогаш никој да не забележи како се чувствувате. Луѓето ве доживуваат како мирна личност од доверба. Под притисок, честопати не можете да се воздржите и знаете да „експлодирате“.

Слика 3: Кататоничар

Кататоничар е интелигентен човек со суперактивен ум. Се однесувате послушно, подготвени сте да ги чувате своите мисли и ставови за себе. Понекогаш ги потиснувате своите емоционални и физички потреби и желби, заради што се чувствувате како да не сте при себе. Ова ви буди чувство на незадоволство.

Слика 4: Шизофреничар

Ја потиснувате во себе емпатијата. Можно е да имате потешкотии во комуникација со други луѓе. Но, тоа не значи дека не сте друштвени. Напротив. Сакате да поминувате време со пријателите, но вашите врски се површни, па длабоко во себе се чувствувате осамени и изолирани.

Слика 5: Хистеричен

Во текот на детството веројатно честопати сте биле замолчувани и биле игнорирани вашите потреби. Имате израснато во скромна личност која има потреба од внимание. Постојано инвестирате во сопствениот изглед.

Слика 6: Депресивен

Депресивна личност која на прв поглед делува среќно, но во себе се борите со чувството на безвредност, несигурност и вина. Имате проблем со самодовербата. Обидете се да се изборите со овие чувства со тоа што ќе се фокусирате на својата работа и луѓето кои ги сакате.

Слика 7: Манијак

Имате развиена логика, зрели сте и врамнотежени. Се нервирате кога другите се хаотични и гласни, но тоа е затоа што ја потиснувате сопствената хиперактивна склоност. Длабоко во себе сте импулсивни и тешко ја контролирате својата енергија.

Слика 8: Дисоцијативно нарушување на идентитетот

Луѓето кои најмногу ги плаши ликот на 8-мата слика, како деца биле „малтретирани“ од возрасните, односно од некоја авторитативна личност. Заради тоа, честопати ја преиспитуваат својата сексуалност. Некои ова го прикриваат со придржување кон идеалите на сопствениот пол и стануваат „мачо“ мажи или изразено женствени жени.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Како ѝ пристапувате на љубовта? Дали сонувате големи љубовни соништа, се надевате на длабока емоционална врска и...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...

Најчитани неделава