Математички предизвик: Кој број е следен во низата?

Решение:

На местото на прашалникот треба да стои бројот 3. Како стигнавме до решението?

Од првиот број 18, за да се дојде до бројот 10, кој е втор во низата, треба да се одземе бројот 8, т.е. 18 - 8 = 10.

Од 10, кој е втор во низата, за да се стигне до бројот 6 (кој е трет во низата), се одзема бројот 4. Бројот 4 е двапати помал од бројот 8.

Од 6, кој е трет во низата, за да се добие бројот 4, кој е четврти број, треба да го одземеме бројот 2. Два е дупло помал од 4, исто како што претходно 4 беше двојно помал од 8.

За да стигнеме до последниот број од низата, од бројот 4 треба да одземеме број кој ќе биде двапати помал од бројот 2 (според тоа како се поставени претходните равенства), а тоа во случајот би бил бројот 1.

Па, така 4 - 1 = 3.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Колкупати ја гледате буквата „Ѕ“ на сликата? Дали имате изострен вид? Само мал број луѓе можат да ги најдат сите букви „Ѕ“ на...
Само остроумни ќе погодат – која сенка му припаѓа на Иван? Прикажани се 4 силуети, а само една од нив е вистинската сенка на дечкото што ст...
Што не е во ред со парот кој бара помош на пуст остров? На сцената се прикажани момче и девојка кои бараат помош на пуст остров, но нешт...

Најчитани неделава