Најстарата оптичка илузија: Што гледате? Старица или девојка?

На истата слика подолу е нацртана девојка и старица, но на прв поглед луѓето не ги воочуваат и двете. Во зависност од тоа која од нив прво ќе ја погледнете, постојат различни толкувања за вашата личност.

opticka-iluzija-sto-gledate-starica-ili-devojka-01

Два можни одговори:

1. Девојка

Девојката на цртежот е свртена со лицето гледајќи во далечината, а од профилот и се гледаат носот и трепките. Од шеширот и излегува бел вел, а облечена е во раскошна бунда. Деколтето и е дискретно откриено, а околу вратот има ѓердан.

Значење:

Ако на сликата прво ја здогледавте девојката, вие сте ведра личност по природа, со детски дух и верно го следите позитивниот поглед кон светот.

2. Старица

Старицата е свртена кон вас со профил. Она што е уво на девојката е око на старицата, линијата на нејзините образи и вилицата се носот на старицата, а ѓерданот е претворен во усни. Велот на шеширот кај старицата повеќе наликува на марама заврзана околу главата.

Значење:

Ако на прв поглед ја видовте старицата или вештерката, како што некои ја објаснуваат, по природа вие сте песимистични и внимателни во секој поглед. Склони сте кон скептицизам и имате стар дух, без оглед на тоа колку години имате.

Би можело да ве интересира:

Само остроумни ќе погодат – која сенка му припаѓа на Иван? Прикажани се 4 силуети, а само една од нив е вистинската сенка на дечкото што ст...
Што не е во ред со парот кој бара помош на пуст остров? На сцената се прикажани момче и девојка кои бараат помош на пуст остров, но нешт...
Квиз за попаметни од вештачка интелигенција: Што не е во ред со овие сцени? Дали вештачката интелигенција може да ве измами или веднаш забележувате дека неш...

Најчитани неделава