Конечно објаснето зошто халуцинираме: Го гледате ли бебето на сликата?

Научниците ја користат оваа црно-бела слика за да откријат како настануваат халуцинациите. Иако на прв поглед делува како еден куп расфрлани дамки, сепак ако подобро загледате, ќе видите бебе.

konecno-objasneto-zosto-halucinirame-go-gledate-li-bebeto-na-slikata-01.jpg

Тие сметаат дека халуцинациите од ваков тип може да бидат предизвикани од природни процеси, односно дека мозокот го гледа светот онака како што го замислил.

Сликите и звуците кои не постојат секогаш може да бидат надополнети со претходно искуство - очекување нешто да видите или слушнете, тврдат научниците од Кардиф и Кембриџ.

Истражувачите сметат дека халуцинациите се јавуваат како последица на нормалната потреба мозокот да ги пополни празнините во меморијата, па смислиле неколку црно-бели слики кои им ги дале на 18 различни луѓе за да ја тестираат својата претпоставка.

Откако им биле поделени црно-бели слики слични на оваа со бебето, на почетокот речиси сите имале потешкотии да видат што се наоѓа на нив. Но, откако им е покажана оригиналната фотографија што треба да видат, воочувањето потоа било многу полесно.

Луѓето пак кои имале разни знаци на психоза, имале многу подобри резултати на тестот.

Истражувањето ја потврдило теоријата дека сите ние имаме потреба да ги направиме работите „веќе смислени“, па сликите и звуците кои реално не постојат лесно може да бидат произведени со погодување или очекување во нашиот мозок.

Дали и вие видовте бебе затоа што тоа требаше да го видите? Или гледате нешто сосема друго?

Би можело да ве интересира:

Што не е во ред со одморот на овој заљубен пар? Пар во бикини, ужива на одмор покрај базен, но иако личат среќно, нешто не е во ...
Трик прашање: Мајка си го кара детето - што не е во ред? На илустрацијата е прикажанa мајка која си го кара детето во неговата детска соб...
Логичка загатка: Кој лаже? Ивана ја боли стомакот, Оливера има скршена нога, а на Мартин му е скршена ракат...
Визуелен тест: Дали ќе ја пронајдете грешката? Пред вас е обична илустрација - дете си го бојосува цртежот и се забавува. Но се...
Само луѓе со високо IQ можат да ја пронајдат грешката за помалку од 12 секунди Овде не станува збор само за визуелна загатка, туку треба да го вклучите и мозок...
Тест за натпросечно интелигентни: Освен лавот ќе видите ли уште едно животно за само 10 секунди? Оваа оптичка илузија ќе ви покаже дали имате натпросечен коефициент на интелиген...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg