Загатка за љубителите на мистерии: Како детективот знаел дали е убиство или самоубиство?

Ако сте љубител на криминалистичките романи и сакате мистерии, оваа загатка ќе ви покаже дали имате добри детективски способности.

zagatka-za-ljubitelite-na-misterii-kako-detektivot-znael-dali-e-ubistvo-ili-samoubistvo-01_copy.jpg

Додека читате некој криминалистички трилер, дали пробувате уште во текот на читањето да откриете кој е убиецот?

Ако сте од оние кои ги интересираат мистерии, тогаш оваа загатка е идеална за вас.

Прочитајте ја загатката и пробајте да одговорите точно дали станува збор за убиство или самоубиство:

На плочникот пред петкатница лежи мртво женско тело. На прво гледање делува дека таа се самоубила, скокајќи од прозорец.

Детективот задолжен да го истражи случајот не знае од кој кат паднало телото на плочникот, ниту може да претпостави дали е убиство или самоубиство според поставеноста на телото.

Тој најпрво оди на првиот кат од зградата, го отвора затворениот прозорец и во воздухот фрла паричка која паѓа во неговата дланка.

Потоа оди на вториот кат, повторно го отвора прозорецот, погледнува надолу и пред да тргне кон третиот кат, ја фрла паричката во воздух.

Детективот ја продолжува истата постапка до петтиот кат, а кога се враќа долу, на колегите им вели дека жената е убиена.

Поради што смета дека е убиство, а не самоубиство?

zagatka-za-ljubitelite-na-misterii-kako-detektivot-znael-dali-e-ubistvo-ili-samoubistvo-02.jpg

Одговорот е на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Загатка за умни глави: Кое пакување конфети не испукало? Во секое пакување има одреден број ѕвезди во различни бои кои се наведени на амб...
Загатка за сите со висок IQ: Кој број треба да стои на местото на прашалниците? Ако сте добар математичар, имате висок IQ или ако логиката ви е силна страна, ле...
Загатка за најдосетливи: Што е тоа што е цврсто како карпа, а сепак умира ако се исече? Само најдосетливите ќе успеат да одговорат точно на ова трик прашање. Претпостав...
Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Математичка равенка што ќе ја решат само генијалци: Дали сте и вие меѓу нив? На интернет се споделува предизвик, за кој, се тврди, дека може да го решат само...

Најчитани неделава