Математичка загатка за остроумни: Кој број треба да стои на местото на прашалникот?
Со малку логика многу лесно ќе дојдете до решението на оваа математичка загатка. Дали мислите дека го имате одговорот?

Ако ви одат од рака математика или логика, тогаш нема да ви биде ни малку тешко да откриете кој е бројот што недостасува.
Пред вас се четири триаголници. Покрај секој од нив има по три бројки и еден број во средината.
Следејќи ја логиката на трите триаголници каде што ви е дадено решението, ќе успеете ли да дојдете до бројот кој треба да стои на местото на прашалникот?
Решението е на следната страница...
Одговор:

Бараниот одговор е 3.
Овој број ќе го добиете така што од бројот 6 (кој е поставен на горниот крак на триаголникот) ќе го одземете бројот 5, кој се наоѓа долу лево, а потоа ќе го помножите со бројот 3, кој е долу десно.
Односно 6 - 5 = 1 х 3 = 3.
По истата логика се добиени сите останати резултати:
6 - 2 = 4 х 2 = 8
7 - 5 = 2 х 3 = 6
7 - 4 = 3 х 2 = 6
А. Ј. | Црнобело
