Логичка загатка: Со кој прекинувач ќе ја вклучите сијалицата?

Во соба на кат има една сијалица, а вие сте долу, до панелот од 3 прекинувачи и сите 3 се исклучени. Само еден од нив ја контролира сијалицата. Другите две не прават ништо.

logicka-zagatka-so-koj-prekinuvac-ke-ja-vklucite-sijalicata-01

Ваша задача е да откриете кој прекинувач ја регулира светилката, но со неколку ограничувања:

1. Можете да ги исклучувате и вклучувате прекинувачите колку пати сакате.

2. Откако ќе завршите и ќе се изморите од вклучи-исклучи, смеете да се качите и да ја проверите сијалицата.

3. Не смеете да се качите и симнете повеќе од еднаш.

4. Не можете да видите од местото каде што стоите дали сијалицата е вклучена или исклучена.

Значи, стоејќи долу до прекинувачите, со едно качување и симнување, како ќе откриете со кој прекинувач се контролира сијалицата?

Ги очекуваме вашите одговори во коментарите.

Во случај да се откажете, точниот одговор се крие на следната страна.



Би можело да ве интересира:

Трик прашање за умни глави: Кој збор станува „пократок“? Дали добро се снаоѓате со трик прашањата? Еве едно кратко прашање што ќе ве нате...
Трик прашање: Кој лаже во ситуацијата - како е можно ова? Ќе сфатите ли што се случува, кое може да биде објаснувањето на оваа чудна ситуа...
Трик прашање за умни глави: Како Ристе од Ресен ќе ги подели јаболката? Добро ли се снаоѓате со трик прашања? Ајде малку размрдајте го мозокот со оваа з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg