Логичка загатка: Со кој прекинувач ќе ја вклучите сијалицата?

Во соба на кат има една сијалица, а вие сте долу, до панелот од 3 прекинувачи и сите 3 се исклучени. Само еден од нив ја контролира сијалицата. Другите две не прават ништо.

logicka-zagatka-so-koj-prekinuvac-ke-ja-vklucite-sijalicata-01

Ваша задача е да откриете кој прекинувач ја регулира светилката, но со неколку ограничувања:

1. Можете да ги исклучувате и вклучувате прекинувачите колку пати сакате.

2. Откако ќе завршите и ќе се изморите од вклучи-исклучи, смеете да се качите и да ја проверите сијалицата.

3. Не смеете да се качите и симнете повеќе од еднаш.

4. Не можете да видите од местото каде што стоите дали сијалицата е вклучена или исклучена.

Значи, стоејќи долу до прекинувачите, со едно качување и симнување, како ќе откриете со кој прекинувач се контролира сијалицата?

Ги очекуваме вашите одговори во коментарите.

Во случај да се откажете, точниот одговор се крие на следната страна.



Би можело да ве интересира:

Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е пужаљка? Колку добро го познавате кумановскиот дијалект? Дали ви е познат овој збор? К...
Загатка за најдосетливи: Што е тоа што е цврсто како карпа, а сепак умира ако се исече? Само најдосетливите ќе успеат да одговорат точно на ова трик прашање. Претпостав...
Јазичен предизвик - Што е „чакмак“? Каде сè во Македонија се користи зборот „чакмак“? И што значи? Каде сè во Мак...

Најчитани неделава