Ајнштајн тврдел дека 98% од луѓето не можат да го решат овој тест

Дали спаѓате во останатите 2 проценти? Дури и со помош на лист и пенкало, Ајнштајн тврдел дека оние кои можат да дојдат до точното решение се многу ретки.

anjstajn-tvrdel-deka-98-od-lugeto-ne-mozat-da-go-resat-ovoj-test-ke-se-obidete-01.jpg

Проверете во која група спаѓате вие...

5 куќи се обоени во 5 различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалак.

Врз основа на долу наведените податоци, откријте кој чува риби како миленици.

Познати податоци:

- Британецот живее во црвена куќа

- Швеѓанецот чува кучиња

- Данецот пие чај

- Зелената куќа е лево од белата куќа

- Сопственикот на зелената куќа пие кафе

- Личноста која свири виолина одгледува птици

- Сопственикот на жолтата куќа свири клавир

- Сопственикот на средната куќа пие млеко

- Норвежанецот живее во првата куќа

- Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки

- Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир

- Сопственикот кој свири армоника пие пиво

- Германецот свири гитара

- Норвежанецот живее покрај сината куќа

- Човекот кој свири труба има сосед кој пие вода

Постои само едно решение кое ги задоволува сите горе наведени услови...

Кога ќе се откажете од погодување, свртете на следната страна. Таму се крие одговорот...



Би можело да ве интересира:

Математичка загатка што ќе ве измачи - Кој е точниот резултат? Дали со само еден поглед на трите равенства ќе сфатите како треба да ја решите о...
Математичка задача за умни глави: Колку зајаци избројал Перо во градината? Ќе му помогнете ли на Перо да сфати колку зајаци има во градината? Дали математи...
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...
Лесна математичка задача што ќе ја решат и основци - Кој е точниот одговор? Оваа математичка равенка е толку лесна, што без проблем ќе ја решат и основците....
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е „гуничка“? Ако потекнувате од Струмица или околината, лесно ќе го решите овој јазичен преди...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што се ѕунѕурки? Дали ги познавате дијалектите во македонскиот јазик? И колку добро го познавате ...

Најчитани неделава