7 интересни загатки со кои ќе дознаете колку брзо размислувате

Овие загатки се смислени на основа на логичкиот начин на размислување на човекот.

7-brzi-zagatki-01

Што побргу ќе ви текне на решенијата, толку повеќе логичното размислување е вашата силна страна.

Загатките се подредени по својата тежина на решавање и доколку можете да ги решите во рокот од две минути, вашиот мозок одлично функционира.

Гледајте што е можно побргу да дојдете до одговорите, и не се откажувајте.

1. Браќа и сестри немам, а таткото на овој човек е син на мојот татко. Кој е овој човек?

2. Сè помокро и помокро е како што суши. Што е тоа?

3. Кој збор во речникот е напишан неправилно?

4. Што има на крајот од виножитото?

5. Девојката која учела да вози влегла во улица со спротивна насока, но не го прекршила законот. Како?

6. Наутро оди на 4 нозе, попладне на 2, а навечер на 3. Што е тоа?

7. Што е поголемо од Бог, позлобно од ѓаволот, сиромашните го имаат, на богатите им е потребно и ако го јадете ќе умрете?

Ако не ги знаете одговорите, прочитајте ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Три логички загатки - Ќе ги погодите ли без многу размислување? Колку добро ви „оди“ логиката? Ако мислите дека прашањата што можат да ги збунат...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е карфија? Се користи во кавадаречкиот, струмичкиот, валандовскиот, во штипскиот регион... ...

Најчитани неделава