Загатката која ги разбранува социјалните мрежи: Кога ѝ е роденден на Шерил?

Точниот одговор е 16-ти јули.

Првото нешто кое доаѓа на ум е: „Како може Бернард да го знае датумот, ако Шерил му кажала само ден на раѓање?“

Да размислиме.

Ако Шерил му шепнала „19“, тогаш Бернард навистина би го знаел точниот одговор, бидејќи постои само еден датум со бројката 19.

Истото важи и за бројот 18, а Бернард ќе знае дека на Шерил роденденот е на 18-ти јуни.

За изјавата да биде точна, тоа значи дека Шерил не му кажала на Алберт „мај“ или „јуни“.

Но, Бернард вели: „На почеток не знаев, но сега знам“.

Тоа значи дека од изјавата на Алберт, сега и Бернард знае дека не родена во мај или јуни, па на тој начин се елиминираат 5 можности: 15-ти мај, 16-ти мај, 19-ти мај, 17-ти јуни и 18-ти јуни.

Ако Шерил му кажала „14“ не би знаел, бидејќи постојат две можности: 14-ти јули и 14-ти август, па логично е да не го слушнал бројот 14.

Тоа значи дека остануваат три можности: 16-ти јули, 15-ти август и 17-ти август.

Сега, Алберт знае: „Па, сега знам и јас“.

Тоа значи дека Алберт го слушнал месецот јули, бидејќи август сè уште има две можности.

Тоа значи дека ни останува 16-ти јули.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Загатка за остроумни: Што сме ние? Размислете добро и не се откажувајте. Потребно е да размислите малку „надвор од ...
Загатка што ќе ве измачи: Колку браќа и сестри има во семејството? Дали сте од оние луѓе што сакаат загатки? Прочитајте го прашањето и пробајте да ...
Логичка загатка: Кој од трите пара се брат и сестра? На илустрацијата пред вас има три пара, но само еден од нив се брат и сестра... ...
Лесна загатка која сериозно ќе ве збуни: Што може да биде тоа? Оваа загатка прво ќе ве збуни, а кога ќе го видите одговорот сигурно ќе се насме...
Загатка за деца што ќе ве замисли: За колку време ќе се сетите на одговорот? Оваа загатка е наменета за деца, но веруваме дека и голем број возрасни ќе се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg