Логички задачи за чие решение ќе треба да го помачите мозокот

Одвреме-навреме е одлично на мозокот да му нудите по неколку логички задачи со што ќе го активирате и одржувате.

logichki-zadachi-za-chie-reshenie-kje-treba-da-go-pomachite-mozokot-01_copy.jpg

Многу луѓе сакаат да решаваат загатки и да навлезат во длабоки логички размислувања, па затоа ви нудиме неколку задачи кои одлично ќе ви дојдат.

Некои од нив можеби ќе ви бидат лесни и брзо ќе ги решите, но верувајте дека останатите добро ќе ве помачат.

Предизвикајте се себеси и проверете колку брзо и дали ќе успеете да ги решите загатките.

Логички задачи за чие решение ќе треба да го помачите мозокот
  1. 1. Имате 3 златни парички, од кои една е лажна и една вага со 2 сада. Како со едно мерење можете да дознаете која паричка не е оригинална, ако е познато дека таа тежи помалку од останатите?
    Одговор
  2. 2. За да победи на кулинарскиот натпревар, готвачот треба да зготви 6 стека за 15 минути, користејќи само 1 тавче. Но, само 4 стека може да се стават во тавчето истовремено, а за еден стек да се испече, потребни се 10 минути. Како да ја заврши задачата навреме?
    Одговор
  3. 3. Фармер најмил работник за копање и му ветил дека ќе му плаќа со злато секој ден. Работникот рекол дека ќе му бидат потребни 7 дена, почнувајќи од понеделник.

    Златото на фармерот било во форма на ингот (плочка) и планирал од него да сече секој ден по 1/7. Но, кога погледнал во сечилото, сфатил дека може да направи само две сечења со него. Како ќе го исполни ветувањето дека секој ден ќе плаќа со злато?
    Одговор
  4. 4. Кралот решил дека е време да ја омажи неговата ќерка и договорил натпревар помеѓу витези. Кандидатите поминале низ многу кругови и на крај останале само двајца. За да одлучи кој ќе ја добие ќерката, кралот наредил витезите да се качат на коњите и да галопираат до езерото - тој коњ што ќе стигне последен, ќе ја добие принцезата.

    Витезите се качиле на коњите и јавале бавно кон езерото. Тие јавале цела недела бидејќи никој не сакал да биде прв. На крај, се симнале од коњите, се ракувале и одлучиле да си одат. Но, принцезата дотрчала и им шепнала нешто на двајцата. Двајцата витези повторно се качиле на коњите и почнале да јаваат најбрзо што можат до езерото. Што им кажала принцезата?
    Одговор
  5. 5. Одејќи низ шумата едно момче забележало напуштена колиба и решило да влезе внатре. Откако го поминало прагот, вратата треснала и се затворила, а куќата се затемнила. Момчето посегнало по прекинувачот на ѕидот, но немало струја. Потоа се слушнал страшен глас кој му кажал дека за да ја напушти колибата мора да помине низ една од 3-те врати, а зад секоја од нив се крие нешто смртоносно.

    Зад првата врата имало илјадници отровни змии кој може да го убијат, зад втората врата имало електрична столица која може веднаш да го усмрти момчето, а зад третата врата имало лав кој не јадел долго време и би го изел него. Како момчето може безбедно да излезе од куќата?
    Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три логички загатки - Ќе ги погодите ли без многу размислување? Колку добро ви „оди“ логиката? Ако мислите дека прашањата што можат да ги збунат...
Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Математичка задача за умни глави: Колку зајаци избројал Перо во градината? Ќе му помогнете ли на Перо да сфати колку зајаци има во градината? Дали математи...
Математичка загатка што ќе ве измачи - Кој е точниот резултат? Дали со само еден поглед на трите равенства ќе сфатите како треба да ја решите о...
Лесна математичка задача што ќе ја решат и основци - Кој е точниот одговор? Оваа математичка равенка е толку лесна, што без проблем ќе ја решат и основците....
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...

Најчитани неделава