Загатки кои ќе им бидат лесни само на оние кои се родени „решавачи на проблеми“

Најдобрите загатки се оние кои се состојат од секојдневни ситуации или предмети и идеи, а бараат од нас да гледаме на нив на начин на кој вообичаено не би гледале.

zagatki-koi-kje-im-bidat-lesni-samo-onie-na-koi-se-rodeni-reshavachi-na-problemi-01.jpg

Токму тоа ќе ви биде потребно за да ги решите овие загатки – да гледате надвор од кутијата и да успеете да смислите начин како да излезете од ситуацијата.

А, оние кои во животот се родени решавачи на проблеми, нема да имаат потешкотии да најдат решение.

Сконцентрирајте се и почнете да решавате...

Загатки кои ќе им бидат лесни само оние на кои се родени „решавачи на проблеми“
  1. 1. Заглавени сте во средната соба во куќа со 3 соби. Средната соба во која се наоѓате има само прозорец со железни решетки. Страничните соби имаат врати за излез од куќата, но во собата од лево има двајца убијци подготвени да ве убијат кога ќе влезете. Во десната соба има УВ ласерско оружје со соларно напојување кои убиваат штом регистрираат движење. Како ќе избегате од куќата?
    Одговор
  2. 2. Во сабота навечер, Стефан отишол да гледа филм со омилениот актер. Но, филмот бил здодевен и тој разочаран отишол до тоалетот кој бил празен. Со неговиот пиштол, тој си испукал куршум помеѓу двете очи и по 5 минути излегол и си отишол дома здрав и жив. Како го преживеал куршумот?
    Одговор
  3. 3. Иван и неговата сопруга Маја одморале во дневната соба. Додека Иван гледал телевизија, а Маја читала, снемало струја. Иван си легнал, а Маја продолжила да чита. Како таа читала без светло во собата?
    Одговор
  4. 4. Еден маж со темен тен, црна коса и црно одело, стоел на неосветлен пат. По патот се движел автомобил со исклучени светла и одеднаш закочил на неколку секунди пред да го прегази човекот. Како возачот успеал да го види човекот во црно, ако немало улични светла и светлата на автомобилот биле исклучени?
    Одговор
  5. 5. Горан се разбудил заробен во соба со 4 врати за излез. Во собата имало душек за спиење, малку храна, диспанзер за вода и шише со вода за да преживее. Кога се приближил до една врата за да излезе, бил предупреден што се крие зад вратите.

    Зад првата врата има 50 метарска соба полна со отровен гас, зад втората има бомба која ќе се детонира со отворање на вратата. Зад третата и четвртата врата има отровни змии и гладни ајкули. Низ која врата треба да излезе Горан и зошто?
    Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Математичка равенка што ќе ја решат само генијалци: Дали сте и вие меѓу нив? На интернет се споделува предизвик, за кој, се тврди, дека може да го решат само...
Лесна математичка задача што ќе ја решат и основци - Кој е точниот одговор? Оваа математичка равенка е толку лесна, што без проблем ќе ја решат и основците....
Три логички загатки - Ќе ги погодите ли без многу размислување? Колку добро ви „оди“ логиката? Ако мислите дека прашањата што можат да ги збунат...

Најчитани неделава