Крими квиз: 3 загатки за оние со детективски талент

Ако сте од оние кои уживаат во гледање детективски серии или пак често ги правите овие квизови, веројатно брзо ќе се снајдете.

krimi-kviz-3-zagatki-za-onie-so-detektivski-talent-01.jpg

Проверете колку сте добри во улога на детектив и обидете се да дадете точен одговор и да ги решите следниве загатки.

Во продолжение три случаи на убиство, за кои треба да откриете како се решени...

Крими квиз: 3 загатки за оние со детективски талент
  1. 1. Мажот ја убил неговата сопруга со нож во нивниот автомобил. Во околината немало сведоци. Тој ја фрлил од автомобилот, внимателно да не остави отпечатоци на телото. Потоа го фрлил ножот во провалија за да не може да биде пронајден и си заминал дома. Еден час подоцна, добил повик од полиција за да го известат дека сопругата му е убиена и дека треба веднаш да дојде на местото на злосторството. Веднаш штом стигнал, бил уапсен. Како полицијата знаела дека тој е виновен?
    Одговор
  2. 2. На првиот школски ден, некој го убил наставникот по историја. Имало 4 луѓе во кои полицијата се сомневала – градинарот, наставничката по математика, наставникот по физичко и директорот. Ова се нивните алибија: градинарот рекол дека ја косел тревата, наставничката по математика рекла дека правела полугодишен тест со одделението., наставникот по физичко рекол дека го тренирал кошаркарскиот клуб, директорот рекол дека бил во својот кабинет. По изјавите, полицијата веднаш го уапсила убиецот. Кој е убиецот и како го откриле?
    Одговор
  3. 3. Едно неделно утро, Томе бил пронајден мртов во својот дом. Неговата сопруга веднаш пријавила во полиција. Тие веднаш ги прашале сопругата и персоналот каде биле во одреденото време на убиството. Жената рекла дека спиела. Готвачката подготвувала појадок. Дадилката си ги носела децата на училиште. Градинарот берел зеленчук за ручекот. Веднаш потоа, полицијата го уапсила убиецот. Кој е виновен и како знаеле?
    Одговор
 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз за остроумни: 5 загатки кои нема да ви дадат мир додека не ги решите За вас подготвивме 5 загатки кои добро ќе ви го истренираат мозокот, но нема да ...
Загатка за досетливи умови: Која куќа прво ќе биде изгасната? Дали сакате загатки што ви ја тестираат логиката? Ако да, тогаш оваа загатка сиг...
Лесна логичка загатка: Што сум јас? Дали ви е логиката силна страна или скоро никогаш не успевате да одговорите точн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg