Квиз: Загатки со чкорчиња што ќе ви го раздвижат мозокот – ќе ги решите ли сите?

Визуелните загатки можат да ви ја подобрат концентрацијата, но и способноста да забележувате детали. На некој начин, овие загатки ја зајакнуваат вашата моќ за набљудување.

kviz-zagatki-so-chkorchinja-shto-kje-vi-go-razdvizhat-mozokot-kje-gi-reshite-li-site-01.jpg

Ако, пак, бараат да ја искористите и логиката, овие загатки стануваат одлична алатка за тренирање на мозокот.

Во продолжение се 12 визуелни загатки со чкорчиња, за кои дефинитивно мора да ја искористите и вашата логика и може да ви го „зовријат мозокот“. Колку ќе успеете да решите?

Замислете дека пред вас има чкорчиња во овие форми и обидете се да ги решите поставените задачи. Или, земете чкорчиња и редете ги според прикажаното за полесно да ги решите предизвиците.

Кликнете на секоја слика за да го видите точниот одговор.

Загатки со чкорчиња што ќе ви го раздвижат мозокот – ќе ги решите ли сите?
  1. 1. Отстранете 4 чкорчиња за да ви останат само 5 квадрати.
    Кликни за одговорот
  2. 2. Преместете две чкорчиња така што црешата ќе биде надвор од чашата.
    Кликни за одговорот
  3. 3. Помрднете 2 чкорчиња за животното да гледа кон назад.
    Кликни за одговорот
  4. 4. Поправете ја равенката додавајќи само 1 чкорче.
    Кликни за одговорот
  5. 5. Преместете 3 чкорчиња така што клештите на ракот ќе бидат свртени надолу, наместо нагоре.
    Кликни за одговорот
  6. 6. Помрднете 3 чкорчиња за да направите 2 квадрати.
    Кликни за одговорот
  7. 7. Претворете ги 3-те чкорчиња во 6, без да ги „скршите“.
    Кликни за одговорот
  8. 8. Помрднете 4 чкорчиња за да направите 3 квадрати од постоечките 2.
    Кликни за одговорот
  9. 9. Помрднете 3 чкорчиња за да направите 3 триаголници со иста големина.
    Кликни за одговорот
  10. 10. Поправете ја равенката поместувајќи само 1 чкорче.
    Кликни за одговорот
  11. 11. Помрднете 3 чкорчиња за да ја претворите свеќата во шапка.
    Кликни за одговорот
  12. 12. Помрднете 5 чкорчиња за да ја балансирате вагата.
    Кликни за одговорот
 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Математичка загатка што ќе ве измачи - Кој е точниот резултат? Дали со само еден поглед на трите равенства ќе сфатите како треба да ја решите о...
Тест на интелигенција од Харвард од 1869 година е тежок за повеќето луѓе - Дали ќе го решите? На интернет се споделува видео кое вклучува краток, а сепак (по)тежок тест по ал...
Три логички загатки - Ќе ги погодите ли без многу размислување? Колку добро ви „оди“ логиката? Ако мислите дека прашањата што можат да ги збунат...

Најчитани неделава