Квиз за логичари: Зошто девојката избегала од хотелот во кој се крие?
Нов логички предизвик за вас – прочитајте ја приказната за девојката која избегала од дома и откријте зошто избегала и од хотелот во кој требало да се скрие.
Понекогаш на сите ни е потребно да направиме пауза од работата и секојдневните обврски и да го фокусираме умот на нешто друго.
Подготвивме нова загатка за оние кои сакаат логички да размислуваат.
Следете го описот на сценариото и прикажаните сцени и на крај обидете се да одговорите точно:
Елизабета е ќерка на милионер, кој постојано ѝ го контролира животот.
Откако таткото ѝ кажал дека ѝ нашол вереник, девојката решила да побегне од дома.
Таа со себе земала доволно пари и го земала најскромниот автомобил од гаража.
Девојката знаела дека нејзиниот татко веднаш ќе ги прати неговите луѓе да ја вратат, па затоа никогаш не останувала во ист хотел подолго од една вечер.
Еден ден, се нашла во мало гратче со мали, скромни хотели. Веќе се стемнувало и немала избор, па морала да се смести во првиот хотел на кој наишла.
Рецепционерката ја услужила, ѝ кажала дека ќе биде сместена во соба број 710 и се понудила да ја однесе до собата.
Елизабета веднаш ја грабнала торбата, излегла од хотелот и избегала со автомобилот.
Зошто Елизабета избегала од хотелот?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

Квиз: 7 трик прашања кои нема да ви дадат мир додека не ги решите
Време е за будење на мозокот со трик прашања кои ќе ви ја вклучат логиката на на...

Квиз: Загатки кои нема да ви дадат мир додека не ги решите – дали умот може да ве излаже?
Дали умот може да ве излаже или уште на прв поглед знаете да ја процените ситуац...

Квиз: Логички загатки од кои нема да се откажете додека не го најдете одговорот
Овие логички загатки добро ќе ви го „загреат“ мозокот, но ќе ве натераат да одит...