Квиз: Жена го предизвикува сопругот со сложена загатка – ќе ја решите ли вие?

Кога жена ќе одлучи да го „казнува“ и предизвикува сопругот со загатки, сигурно нема да се помине лесно - би успеале ли вие да ја решите загатката за да стигнете до ручекот?

kviz-zhena-go-iskushuva-soprugot-so-slozhena-zagatka-kje-ja-reshite-li-vie-01.jpg

Ве предизвикуваме да го помачите умот и да се разбудите од зимскиот сон, време е да се вратите во форма. 

Оваа загатка ќе ве натера да го ставите мозокот на „турбо“ и да ја вклучите логиката.

Жената била лута на мажот и за да го „казни“ решила да му направи загатка за да го пронајде ручекот кој го зготвила.

Му напишала пораки на фрижидерот, микробрановата, машината и рерната.

Претходно оставила уште една порака во кујна на која пишува: „Ако сакаш да јадеш, ручекот е во кујна, но мора да одгатнеш каде. Само една порака ја кажува вистината. Ако не погодиш, ќе останеш гладен“.

Вака гласат другите 4 пораки:

На фрижидерот: „Ручекот е во рерната или во машината“

На машината: „Ручекот е во фрижидерот или во микробрановата“

Во микробрановата: „Ручекот не е тука“

Во рерната: „Ручекот е тука“

Ќе откриете ли вие каде е скриен ручекот од прво погодување?
  1. Во фрижидер
    Во машина
    Во микробранова
    Во рерна

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Загатка за умни глави: Кое пакување конфети не испукало? Во секое пакување има одреден број ѕвезди во различни бои кои се наведени на амб...
Загатка за сите со висок IQ: Кој број треба да стои на местото на прашалниците? Ако сте добар математичар, имате висок IQ или ако логиката ви е силна страна, ле...
Загатка за најдосетливи: Што е тоа што е цврсто како карпа, а сепак умира ако се исече? Само најдосетливите ќе успеат да одговорат точно на ова трик прашање. Претпостав...
Математичка равенка што ќе ја решат само генијалци: Дали сте и вие меѓу нив? На интернет се споделува предизвик, за кој, се тврди, дека може да го решат само...
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...

Најчитани неделава