Квиз за логичари: Ќе го откриете ли виновникот?

Ајде да го тестираме вашето логичко размислување и способност за решавање проблеми - ќе откриете ли кој е виновникот кој го бара Ана?

kviz-za-logichari-kje-go-otkriete-li-vinovnikot-01.jpg

Следете го сценариото и на крај обидете се да го откриете виновникот:

Јана учествувала во натпревар во готвење и одлучила да ги направи нејзините омилени мафини.

kviz-za-logichari-kje-go-otkriete-li-vinovnikot-02.png

Таа го направила најдоброто што можела, мафините изгледале совршено, но кога жирито ги вкусило, ги намуртиле лицата. Изгледа некој од останатите натпреварувачи скришно успеал да го замени шеќерот со сол.

kviz-za-logichari-kje-go-otkriete-li-vinovnikot-03.png

Јана сфатила дека ја изгубила шансата за победа, но барем сакала да дознае кој е виновникот. На натпреварот имала тројца осомничени.

Јован – кој ѝ кажал дека тој воопшто не бил во кујна, затоа што заборавил неколку клучни намирници и отишол да ги купи во последен момент.

Ана – која ѝ кажала дека ја подготвувала глазурата и шлагот за тортата цело време.

Дијана – која ѝ кажала дека била зафатена со нејзиниот рецепт бидејќи бил многу комплициран и го следела точно.

Јана веднаш знаела кој е виновникот. Знаете ли и вие?
  1. 1. Кликнете на сликата за точниот одговор.
    Кликни за одговорот

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јазичен предизвик - Што е „коркач“? Ако некој рече „Брат ми никогаш не бил коркач“, што сака да каже? Знаете ли што ...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е „уљадисан“? Ако го познавате добро битолскиот дијалект, ќе знаете што е „уљадисан“ и без да ...

Најчитани неделава