Дали во втората емисија на „Х-фактор“ се крие победникот?

Со секоја следна емисија на популарното шоу „Х-фактор Адриа“ дознаваме за нови таленти и нови потенцијални победници кои го имаат вистинскиот Х фактор.

dali-vo-vtorata-emisija-na-x-faktor-se-krie-pobednikot-01

Минатата емисија Илма го воодушеви жирито а во оваа емисија Тамара Милановиќ успеа дури и да ги расплаче за првпат Емина и Кристина.

Воодушевени од нејзината изведба тие беа со коментари дека се почестени што се наоѓаат во иста просторија со светски талент.

Нема сомнеж дека Тамара пееше фантастично, со многу чувства и вистински знаеше да ја пренесе емоцијата во целата сала.

Со оглед на првите две емисии, очигледно е дека ќе има уште многу таленти, многу солзи, емоции и моќни гласови. Покрај вообичаените кандидати, ќе има и понеобични, односно поразлични, оние кои сакаат да се истакнат на свој начин, да бидат забележани и различни од останатите.

Овојпат тоа беше нашата Фифи, која е трансексуалец, пее со ангелски глас според коментарите на дел од жирито, одлично знае да се носи со она што сака да го претстави, сигурна е во себе и воодушевува без разлика што сакаат да кажат останатите.

Фифи ни е позната и од нејзините претходни настапи на некои од нашите фестивали. Сепак, тука се бара вистинскиот Х – фактор, без разлика како некој изгледа, важно е да знае да ја освои публиката со својот глас и својата енергија, а Фифи го направи токму тоа.

И покрај едниот негативен глас на Жељко Јоксимовиќ, кој не знаеше да се снајде во целата ситуација и да се соочи со тоа што има нешто поинакво од вообичаеното пред себе и покрај одличниот глас за кој ѝ даде признание, сепак се одлучи да гласа со „Не“, но со три „Да“ од останатите членови, Фифи продолжува и во следниот круг.

Првата македонска кандидатка која доби четири „Не“ е Ефимија Јованова која, за жал, избрала погрешна песна за да се претстави, па она што звучи како пеење кога го изведува Бруно Марс, таа го претвори во рапување. Се обиде и со песна на Тоше Проески, но сепак и тоа беше еднакво неуспешно и доби четири гласови „Не“ од жирито.

Забележителни настапи и покрај тремата имаа и Јелена Миловановиќ, Катерина Манојловиќ, Александра Секулиќ, Катарина Јовановиќ, Стефан Коковиќ, Никола Пауновиќ, Марко Балабановиќ и уникатната ромска група „Рома сијам“, која беше вистинско освежување и воодушевување и за публиката, но и за жирито меѓу кои Кики Лесендриќ ги издвои како негови фаворити, а Жељко имаше коментар дека ѕвездите се родени.

Шоуто станува сè повозбудливо, се очекуваат уште многу таленти и тешки одлуки кои ќе нè водат во следните кругови, ќе предизвикуваат емоции, овации и воодушевувања.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg