Незадоволен натпреварувач во „Х-фактор“ ќе им каже сè на судиите
Најстрогата фаза на натпреварувањето на „Х – фактор Адриа“ е т.н. boot camp, односно регрутниот камп со работилници каде досега избраните 133 кандидати вежбаат и подготвуваат песни зададени од жирито.
Од нив само 24 ќе може да го продолжат натпреварувањето. Во однос на моменталната бројка тоа се многу малку кандидати, поради што и критериумите и одобрувањето за следна фаза е многу построго.
Еден од кандидатите дознал дека нема да продолжи во следната фаза, па решил гневот да го истури врз судиите кои се одморале во бифето за време на паузата.
„Јас само дојдов да ви кажам дека не е во ред тоа што сте го направиле, не е фер! Не сте требале вака! Не разбирам...објаснете ми зошто сте го направиле ова!“ , рекол разочараниот кандидат.
Кој е тој и што уште се случува во првата епизода од регрутниот камп, гледајте вечерва на Сител телевизија во 21:00 часот.