Кристина Ковач ќе се бори со Жељко за Даниел

Социјалните мрежи се преполни со коментари во врска со случувањата во „Х-фактор Адриа“. Во вторникот ги видовме кандидатите кои поминаа во следниот круг на натпреварувањето, а два дена подоцна, коментарите не запираат!

kristina-kovac-ke-se-bori-so-zeljko-za-daniel-01

Емина е воодушевена од својата група натпреварувачи, момците до 27 години. Како што неофицијално се дознава, нејзините кандидати ѝ приредиле посебно изненадување како голема благодарност што ги пречекала во Истанбул. Тоа ќе го погледнеме во следната епизода.

kristina-kovac-ke-se-bori-so-zeljko-za-daniel-1

Кристина Ковач, исто така ги поддржува своите натпреварувачи, односно, бендовите на кои таа е ментор.

Интересно е тоа дека оваа членка на жирито не ги крие симпатиите и фаворизирањето на Даниел Кајмакоски. Му напишала и коментар за поддршка на Фејсбук, иако тој не е во нејзината група:

„Драг Даниел, да знаеш дека тоа што Жељко ти е ментор не го менува моето мислење за тебе и не значи дека отсега ќе те критикувам. Но, него да, ќе го критикувам за сѐ што ќе каже погрешно, бидејќи не смее да греши со тебе! Бакнеж од К“, му напишала Кристина Ковач.

Какви навистина ќе бидат коментарите на следните аудиции останува да чекаме и да видиме, во вторник на Сител телевизија.

kristina-kovac-ke-se-bori-so-zeljko-za-daniel-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg