Фифи го напушти „X-фактор“ без солзи, Даниел ги освои сите срца по третпат

На третото Live Show еден од македонските натпреварувачи се враќа дома. Иако одлично ја испеаја „Чувам те“ од Александра Радовиќ, контраверзното и најоригинално дуо „H2О“ го напушти „Х-фактор“.

fifi-go-napusti-x-faktor-bez-solzi-dan-iel-gi-osvoi-site-srca-po-tretpat-01

Нашата Фифи и Маринела Џогани се трети кои излегуваат од ова шоу според бројот на гласови од публиката и мислењето на жирито по отпеаните песни за спас.

Во дуел беа заедно со Александра Секулиќ, која минатиот пат беше вратена од бараж натпреварувањето на барање на публиката.

За време на првите настапи сите испеаја коректно, точно и без некои поголеми забелешки, но публиката го бира својот фаворит.

Она што беше интересно и истакнато врзано со настапот на „H2О“ е тоа што Кристина беше среќна што успеала да издејствува во продукцијата Фифи како транссексуалец првпат да облече долго здолниште.

Александра, пак, беше интересна со својата атрактивна кореографија, која сè уште ретко кој се осудува да ја вметне во своите први настапи.

При крајното гласање и одлучување, само Кристина како менторка на „H2O“, гласаше со негативен глас за Александра.

Останатите тројца членови на жирито, без поголеми критики за „Н2О“, сепак беа едногласни во тоа дека Александра повеќе заслужува да остане во шоуто.

Маринела Џогани заплака, но Фифи не пушти ниту солза, бидејќи смета дека е огромен успех да се стигне и до ова и дека покрај излегувањето од шоуто веќе сигурно планираат да снимат дует заедно.

fifi-go-napusti-x-faktor-bez-solzi-dan-iel-gi-osvoi-site-srca-po-tretpat-1

Од друга страна, нашиот Даниел буквално ги освои сите, ги преплави со емоции и уште еднаш блесна во негов стил.

Овојпат, конечно и навистина ја пееше на македонски јазик, песната „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозановски која ја истакна за негова омилена.

Со емотивна и моќна сценска кореографија, глас, талент и харизма никого не остави рамнодушен.

Од жирито се сè погласни дека пред себе гледаат вистинска ѕвезда и без воздржувања го истакнуваат за свој фаворит и иден победник.

Во оваа прилика Жељко уште еднаш се извини на целата македонска публика за својата грешка од минатиот пат во врска со мајчиниот јазик на Даниел.

Не заборави ниту да им ги пренесе импресиите на сите од концертот во Охрид и дека Даниел каде и да се појави е дочекуван со овации и обожаватели како огромна ѕвезда.

fifi-go-napusti-x-faktor-bez-solzi-dan-iel-gi-osvoi-site-srca-po-tretpat-2

Останува само да продолжиме да гласаме и да го поддржуваме за да не дозволиме да излезе, бидејќи на крајот, сепак, гласовите од публиката се тие кои одлучуваат.

Погледнете ги уште еднаш настапите на Фифи и Даниел

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg