Сите настапи од третата Live вечер на Х-фактор

Вчера се одржа третото Live Show од реалното талент шоу „Х-фактор“. Натпреварувачите се претставија со песни од домашната сцена и го дадоа најдоброто од себе до сега.

faktor-od-tretoto-live-show-izleze-duoto-h2-a-se-vrati-maid-hesimovic-01

Секоја емисија се забележува нивниот напредок и трудот кој го вложуваат за време на подготовките дава одлични резултати.

Иако според изјавите зад сцената и снимените прилози кажуваат колку се изморени и колку многу се жртвуваат за се да изгледа одлично, сепак работат со големо задоволство и сте сакаат да успеат.

Тешко може да се издвои кој од кој е подобар и да се одбере кој да го напушти шоуто. Но, сите имаат своја група обожаватели кои зависно од испратените гласови одлучуваат кој продолжува, а кој си заминува.

Од првиот настап на Илма Карахмет со моќната балада „Не дам на тебе“ од Јелена Томашевиќ, се отвори шоуто на спектакуларен начин. Кристина се трудеше да ѝ најде маана, но не успеа, а Жељко ѝ го изрази своето воодушевување, но и стравувањето за неговите кандидати, бидејќи иако е мала, таа има фантастичен и моќен глас со кој може сите да ги освои.

Втори настапуваа петте момчиња на Кристина од бендот „Доктори“. За време на нивниот настап се покажа лошата страна и невнимание на продукцијата која дозволи да се случи грешка и на едно место во песната цедето со матрицата почна да прерипува. Момците одлично се снајдоа до крајот, но Кристина побара да се повтори настапот. И на второто пуштање се случи уште една грешка што им пуштија погрешна песна. Дури во третиот обид успеаја успешно и повторно одлично од нивна страна да ја изведат песната „Cesarica “ од Оливер Драгоевиќ.

Покрај сите проблеми, Жељко не изостана со своите негативни забелешки за Кристина дека од бендот пееле само 2 момчиња. Сепак, публиката ги сака и ги поддржува.

Трет настапи Маид Хесимовиќ, кому ова му беше прв настап со кој се врати од бараж натпреварувањето и покажа зошто публиката го сака. Со енергична изведба, кореографија и одличен однос со камерите самоуверено ја изведе „Pisaću joj pisma duga“ од Здравко Чолиќ и го израдува својот ментор Жељко.


Тамара Милановиќ настапи четврта и целосно го промени мислењето и коментарите на жирито од минатиот пат, кога беа особено строги и негативни во однос на неа.

Во нејзин препознатлив стил ја изведе легендарната „Mini smo sami“ од групата „Филм“. Исто така им призна дека иако ѝ било тешко, после коментарите од минатата емисија, многу влијаело сето тоа за да размисли и да се промени. Дури и им се заблагодари искрено за лошите коментари.


Миленикот на Емина, Харис Ќато иако со повредена нога од пробите ја испеа „Sve ti dadoh“ од Здравко Чолиќ и ја посвети на неговата мајка која работи во Германија и не ја гледа често.


Шеста настапи Александра Секулиќ, која во минатата емисија се врати од бараж натпреварувањето. Со својот атрактивен секси настап и кореографија за песната „Е-79“ од бендот „Октобра 1864“ ги освои и симпатиите и дел од гласовите на публиката.


Како седми се појави нашиот Даниел Кајмакоски кој овојпат навистина пееше на својот мајчин јазик и фантастично ја изведе „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозаноски. Пееше со многу емоции, одличен сценски настап и со својот препознатлив моќен вокал, кој никого не остави рамнодушен. Емина беше буквално воодушевена од него, Кристина повторно го истакна како свој фаворит иако не е во нејзината група, а Жељко е се повеќе уверен дека одат заедно на победа.


Дуото „H2O“ составено од нашата Фифи и Маринела Џогани, настапија осми со емотивната балада „Cucvam te“ од Александра Радовиќ. Покажаа одлични гласовни движења, без специјален сценски настап, но со одлични костими и двете во долги здолништа, испеаја коректно за позитивните критики на жирито, но не доволно добро за повеќе гласови од публиката.


Шармерот на Емина, популарниот и харизматичен Алекса Перовиќ со песната „Voli me ne voli me“ иако звучеше како многумина познати пејачи на балканската музичка сцена, сепак успеа да ги освои гласовите на публиката, а со својата ведра насмевка ги освои и женските срца.


Десетти настапија девојките од женскиот бенд „4U“ со весела и разиграна песна во која не покажаа некои воодушевувачки вокални способности, бидејќи песната тоа не го бараше од нив, но беа музички точни, позитивни и разиграни, поради што продолжија и во следното шоу.


Чачанската олуја Александра Брковиќ со оригинална изведба на познатата „Zbunjena“ од групата „Негатив“ ја покажа својата самоувереност, сигурност и уникатен талент. Според Кристина, таа има посебна енергија која ретко кој ја има.


Ова Live show со својот настап го затвори Лукијан Ивановиќ, кој успеа и да ја расплаче својата менторка Емина Јаховиќ. Таа немаше премногу зборови за неговиот настап, туку само истакна дека токму така се пее од душа. Тој ја изведе емотивната балада „Sve moje zore“ од „Тропико бенд“.

За време на гласањето настапи Јелена Томашевиќ. Според гласовите од публиката во дуел беа Александра Секулиќ и дуото „H2O“, а според одлуките на жирито овојпат излегоа „H2O“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg