Х-фактор: Зад сцената сите расплакани и разочарани за заминувањето на „H2O“

После драматичното излегување на дуото „H2O“ од понатамошното натпреварување, зад сцената настанало вистинско неверување и разочарување.

x-faktor-zad-scenata-site-rasplakani-i-razocarani-za-zaminuvanjeto-na-h2o-01

„Многу ни е жал што испаднаа! Фифи секогаш беше подготвена за шеги и забава и многу ќе ни недостига!“ – биле најчестите коментари.

Теодора од групата „4U“ била расплакана и највознемирена: „Не можам да верувам, тотално сум разочарана, не можам да ги скријам солзите! Маринела ми е најдобра пријателка овде и голема поддршка!“

Даниел исто така ѝ го изрази жалењето на Фифи, што не продолжуваат и понатаму заедно да ја претставуваат Македонија.

Фифи, пак, иако без солзи го изразила своето незадоволство од резултатот: „Очекував повеќе! Мислам дека не заслуживме да испаднеме уште во третото Live Show!“

Маринела, откако успеала да се смири од разочарувањето била повоздржана во однос на мислењето: „Секако дека ми е криво, но пред сè поради пријателите кои ги запознав овде.“

x-faktor-zad-scenata-site-rasplakani-i-razocarani-za-zaminuvanjeto-na-h2o-1

Во вчерашната емисија на „X-Star“ двете коментираа дека со оглед на случувањата и какви таленти испаднаа до сега, не се сигурни дека знаат што всушност се бара и што значи тој Х-фактор.

Кристина Ковач, менторката на овие две девојки, кажува дека чувството кога ќе биде исфрлен некој од натпреварувачите ни малку не е пријатно.

„Ова шоу со нивното испаѓање изгуби многу слатки, вредни и харизматични кандидатки, но сигурна сум дека и двете ова ќе го искористат како добра појдовна точка за понатамошно успешно занимавање со музика! А јас секогаш ќе бидам тука за да ги посоветувам и да им помогнам каде и да затреба, можат да сметаат на мене!“ – открива Кристина Ковач.

x-faktor-zad-scenata-site-rasplakani-i-razocarani-za-zaminuvanjeto-na-h2o-2


Фифи и Маринела најавија дека откако секоја ќе се врати дома, ќе одморат и ќе размислат за сите случувања, но сигурни се дека ако не продолжат да градат кариера како „H2O“ ќе снимат барем неколку заеднички песни.

Погледнето го уште еднаш нивниот последен настап:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg