Х-фактор: Даниел уште еден чекор поблиску до победа (видео)

На синоќешното четврто по ред Live Show, Даниел прв ја отвори вечерта со супер динамична поп изведба на големиот хит од One Republic, Counting stars.

x-faktor-uste-eden-cekor-poblisku-do-pobeda-01

Во опуштен стил, со интересна кореографија, тој одлично се снајде на сцената. Знаеше совршено добро да го комбинира и пеењето и танцувањето.

Изгледаше како тоа да му е стоти настап во живо пред бројна публика, а не само четврти. Без трема и со многу самодоверба, но и со скромност и приземност помина уште еден чекор поблиску до целта.

Членовите на жирито, вообичаено воодушевени од него и без ниту една забелешка. Само пофалби и препораки за да продолжи да ја гради кариерата во тој модерен поп стил.

Она што неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ го истакна, а Даниел го потврди е дека, навистина, моментално „Х-фактор“ е негово семејство, дава максимум од себе, работи напорно, се надградува и целосно се дава себе, бидејќи оди на сѐ или ништо!

Зад сцената изјави дека не се чувствува како ѕвезда без разлика на вниманието кое му го посветуваат медиумите или поддршката која му ја изразуваат близу 200.000 фанови на неговата Фејсбук страница.

Тој смета дека има уште многу време во кое треба сите да работат на себе, да постигнат и да остварат уште многу предизвици, да постигнат значајни резултати, па дури потоа да може да се наречат некакви ѕвезди.

Погледнете го уште еднаш настапот на Даниел:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg