Х-фактор: Калиопи специјална гостинка на шестото Live Show

Откако оваа недела поради епидемијата на грип наместо Live Show гледавме специјална емисија за финалистите, грипот помина и шоуто продолжува.

x-faktor-kaliopi-specijalna-gostinkla-na-sestoto-live-show-01

Напорните проби се веќе во тек, натпреварувачите ги вежбаат своите песни, а од организацијата веќе ја открија и специјалната гостинка во ревијалниот дел.

Овојпат на сцената ќе ја видиме нашата поп дива Калиопи која со задоволство ја прифатила поканата за настап, изјавувајќи: „Х-фактор“ е најголемо светско шоу кое се случува. Да се биде или не, адреналин, модерна драма која ни Шекспир не би ја направил подобро. За мене е голема среќа да бидам гостинка на „Х-фактор“!

Исто така, Калиопи најавува неверојатен настап и подготвува вистинско кратко шоу кое ќе биде запаметено.

Иако претходно има настапувано со Маид, Калиопи ќе биде таму и за да му даде огромна поддршка на Даниел Кајмакоски. Тоа ќе биде уште една потврда за тоа какви музички таленти доаѓаат од Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg