Вања и Армин од X-фактор снимија дует (видео)

Некои врски и пријателства од Х-фактор не завршија заедно со шоуто. Многу се разделија, но веројатно оние кои вистински се сакаа и почитуваа останаа заедно.

vanja-i-armin-od-x-faktor-snimija-duet-01

Многу се шушкаше за членовите на машкиот и женскиот бенд, посебно за Вања и Армин, но и тие не го криеја тоа.

Она што дополнително го потврдува нивното пријателство е нивната заедничка песна „Od magle I sna“ за која текстот го напишал Армин, а заедно ја компонирале музиката.

Промоцијата на песната се случила баш на дваесет и првиот роденден на Вања, како подарок наместо торта за нивните обожаватели.

Суперфиналистите на првата сезона на Х-фактор, Вања и Армин веќе со месеци наназад ги подготвуваат и своите соло албуми.

„Наскоро нè очекува и објавата на нашите соло албуми. Многу сме возбудени поради сите убави случувања кои следуваат. Секако, максимално ќе се поддржуваме и во нашите соло кариери“ – нагласува Армин кој има максимална поддршка и од своите поранешни колеги од бендот „Доктори“.

Слушнете го заедничкиот дует на Вања и Армин:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg