Х-фактор Адриа: Од џез и Евровизија до песни од Конго (видео)

Уште една емисија на најгледаното музичко шоу на Балканот која донесе многу нови кандидати со помал или поголем Х-фактор.

x-faktor-od-dzez-i-evrovizija-do-pesni-od-kongo-video-01.jpg

Од емотивни балади, до џез, песни од Конго и евровизиски хитови. На сцената видовме бабица која пее брилијантно, црнец од Конго кој зборува на српски, но и трансвестит кој игра, пее, се шминка и се соблекува.

Меѓу нив имаше една Македонка, Марија Груеска од Битола, која го воодушеви жирито со својата џез изведба и доби коментари дека испеа перфектно и совршено.

Џонатан од Конго беше вистинска атракција со своето пеење и танцување, но и со зборувањето на српски.

Најголемо внимание привлече трансвеститот Леоне, кој инаку е учител во основно училиште, а на сцената се појави со перика, штикли и синџири. Тој изведуваше две евровизиски песни, но имаше и одличен сценски настап, поради што, дури и Жељко Јоксимувиќ му кажа „Да“.

Меѓу нестандардните изведувачи имаше и скромни, емотивни настапи кои освојуваа со секој тон во гласот. Ова се дел од највпечатливите настапи:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg